Завршија и последните избори во Србија /претседателски, парламентарни и локални за Белград и уште неколку општини/ кои се одржаа на 03. 04.2022 година. Познати се резултатите. За претседател на Србија, повторно е избран досегашниот претседател, Александар Вучиќ. Следи конституирање на Собранието на Србија и избор на нова влада. За Собранието на Србија, кое брои 250 члена, беа пријавен 19 политички ...
Read More »Македонци – Балкан
Село Брод областа Гора (ВИДЕО)
Македонското движење “Крсте Мисирков“ во Грција аплицираше за членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН)
Делегација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) деновиве престојуваше во Грција, во посета на Мкедонското движење за унапредување на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков“. Македонското движење неодамна аплицираше за членство во оваа неприфитна организација. Потпретседателот на ФУЕН Госта Тофт оваа посета ја оцени како необичен работен ден. На Фејсбук страницата на оваа организација беше напишано дека делегацијата на ФУЕН беше во посета на здружението ...
Read More »СМК и Сојузот на Македонците со исламска религија го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско – Горанската заедница на Косово
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) го честитаат 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово. СМК и СМИР посакуваат унапредување на положбата и правата на припадниците на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци. СМК и СМИР очекуваат Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската заедница на Косово во целосната интеграција на ...
Read More »Во рамките на програмата “Факти за нашата земја“ од програмата на Федерацијата на Турците од Западна Тракија се разговараше со Павле Воскопулос Филипов за проблемите на македонско малцинство во Грција (ВИДЕО)
Во рамките на програмата “Факти за нашата земја“ се разговараше за македонското малцинство во Грција и неговите прашања Осмиот дел од онлајн-програмскиот серијал со наслов „Факти за нашата земја“ на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа беше емитуван на 28 април 2022 година. Гостин на осмата програма беше Павле Воскопулос Филипов, член на Президиумот на “Виножито“ која е политичка ...
Read More »Во областа Гора и Жупа на Косово не живеат бугари туку Македонци
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла обидите на Софија – Гораните да ги декларира како “бугарско малцинство“ на Косово. СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци! СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово! СМК ...
Read More »Семакедонскиот собор со 12 барања до Бугарија: Признавање на македонско малцинство, влегување на Македонците во бугарскиот Устав
Веќе 60 години македонското малцинство во Бугарија е подложено на систематска дискриминација, асимилација и маргинализација. Тоа на Македонците им предизвика безброј страдања и ги претвори во граѓани од втор ред во државата во која што живеат и во земјата во која што се родени. Таквата политика не само што е срамна, туку е и недозволива за цивилизирана и правна држава, ...
Read More »Стојков за Извештајот на Стејт Департментот: Бугарија има сѐ помал простор за негација на македонското малцинство
Извештајот е важен, тоа е еден од најрелевантните извештаи за правата на човекот во светски рамки, затоа е од значење вклучувањето во него на проблемите на македонското малцинство во Бугарија, вели претседателот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков во изјава за „Локално“, коментирајќи го Извештајот на американскиот Стејт Департмент за почитувањето на човековите права во Бугарија, особено во делот на етничките ...
Read More »Стејт департментот ја критикува Бугарија поради негирање на Македонците
Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, ги критикува властите за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Се посочуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, за кои се вели дека властите во Софија ги игнорираат. „Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, ...
Read More »Комитетот на министрите на Советот на Европа оцени дека одбивањето на Бугарија да дозволи регистрирање на ОМО “Илинден” е неоправдано
По уште едно разгледување на спроведувањето на пресудите и одлуките на ЕСЧП, Комитетот на министрите на Советот на Европа оцени дека одбивањето на Бугарија да дозволи регистрирање на ОМО “Илинден” (и да ги спроведе пресудите на судот) е – неоправдано. Официјална Софија со години настојува прашањето на македонското малцинство во Бугарија да го направи невидливо за европските правни и политички ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden