Денеска во претседателската палата во Рига, македонскиот краснописец и професор по христијанска палеографија Георги Гоце Дуртаноски имаше прием кај летонскиот претседател Егилс Левиц при што му беше предадена краснописна верзија од Преамбулата на летонскиот Устав за претседателскиот кабинет по повод прогласувањето на 2023 како година на ливонскиот јазик и култура како и 100-годишнината од усвојувањето на првиот Устав на Летонија. Ова беше ...
Read More »Македонци – Свет
Одблесоци за д-р Анастас Коцарев во Париз
Викендов во Париз се одржаа низа активности во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев во рамките на одбележувањето 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт под мотото: „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа.„ Градоначалниците на Охрид и Бонди, Кирил Пецаков и Стефан Ерве, академик Љупчо Коцарев Во два дела, на неколку локации ...
Read More »Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов на средба во Канадското Министерство за надворешни работи
Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов, се сретна со генералниот директор за Европски и Евроазиски Прашања на канадското Министерство за Надворешни Работи Ендрју Турнер, со заменик-директорката за Европски и Евроазиски Прашања Луиз Корбин и со Роберт Колман. Притоа, Николов побара Канада да бара итно ослободување на македонските политички затвореници, кои се осудени поради тоа што се ...
Read More »Македонците застапени и во Советодавниот Oдбор во Берлинскиот округ Штеглиц- Целендорф
На 1 март 2023 година, беше конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2022-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин. Во октомври 2022 година, беа избрани новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор за учество и интеграција, во рамките на ...
Read More »Говор на претседателот на ММДЧП, Бил Николов во Торонто (ВИДЕО)
https://www.facebook.com/MHRMI/videos/1174628876560536
Read More »Европската слободна алијанса бара почитување на човековите права на македонските политички затвореници
Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со претседателката на Европската Слободна Алијанса (ЕФА) Лорена Лопез де Лакал и со советникот за односи со јавноста Пол Бучер на 26 јануари 2023 година, да разговара за сериозните прашања со кои се соочени Македонците, вклучително за ужасните затворски услови во кои се држат политичките затвореници во Република ...
Read More »Бил Николов и ММДЧП поднесоа тужби за навреда и клевета против министер за надворешни работи и „360 степени“
На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и ММДЧП како организација поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, Македонија, против Бујар Османи, министер за надворешни работи на режимот во Македонија, и против 360 Степени, медиум во Македонија. Османи и 360 Степени се гласно критични против сите кои ќе ...
Read More »Колумна на Бил Николов: Западното медиумско известување за Македонија промовира омраза
Пијан возач поминува на црвено и удира во група пешаци, при што тешко повредува повеќемина. Ако ова се случи во Макеоднија, насловот во западните медиуми би бил „Пешаци предизвикаа автомобилска несреќа, со сериозни штета врз возилото“. Замислете само кога секој новинарски наслов и текст за вашата етничка група би бил преполн со дезинфорамции и замислен да се избрише постоењето на ...
Read More »Македонските организации отпочнаа процес против Бугарија пред Европската Комисија
Пријава за кршење на правото на Европската Унија беше поднесена против Република Бугарија денес пред Европската Комисија. Поводот е одбивањето на Бугарија да го регистрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција, со што се кршат неколку основни одредби на правото на ЕУ, директиви, процедури и пракси на Европската Унија. Ова следи по 14 успешни судски процеси кои македонски организации ги отпочнаа ...
Read More »Во Франција оддадена достојна почит на паднатите Македонци во Првата светска војна
Во гратчето Коломбел, Нормандија денеска не изостана почитта која традиционално се оддава на паднатите Македонци под француско знаме загинати во виорот на Првата светска војна. Една од алките на француско-македонското пријателство се токму овие млади Македонци кои биле мобилизирани во француската војска и загинале под француско знаме во текот на Првата светска војна, подвлече градоначалникот на гратчето Коломбел г. Марк ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden