Комитетот за човекови права на Обединетите нации оцени дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на етничките Македонци за заштита на нивните права, објави на социјалните мрежи ОМО „Илинден“ – Пирин. Според објавата, станува збор за невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност“, која поднела барање за регистрација согласно законските процедури, но добила негативна одлука без детално ...
Read More »Македонци
Нова изворна македонска песна “Наша вечна Голо Брдо – Голо Брдо земја мила” (ВИДЕО)
Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика
Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно во Албанија. Моментално амбасадорот Веле Трпевски е директор на Директорат за организациони работи во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. ...
Read More »Нова Македонија: Весникот “Илинден“ останува жив симбол на македонската упорност и љубов кон јазикот и идентитетот
Фото: Македонскиот весник “Илинден” Со петнаесет години работа зад себе, весникот „Илинден“ останува жив симбол на македонската упорност и љубов кон македонскиот јазик и македонскиот идентитет. За неговото значење ќе зборува историјата – но веќе денес е јасно дека „Илинден“ е повеќе од весник: тој е глас на македонската душа во Албанија На 1 март 2011 година, како двоброј (март/април), се ...
Read More »Елви Сидери: Македонскиот весник “Илинден” претставува најрепрезентативен и најсеопфатен орган на древната домородна заедница на Македонците во Албанија
Фото: Македонскиот весник “Илинден” Весникот “Илинден“, најрепрезентативниот и најсеопфатен орган на древната домородна заедница на Македонците во Албанија, ја одбележа својата петнаесетта годишнина во среда, 1 април 2026 година. Јубилејна годишнина, која беше прославена со сета свеченост на овој посебен настан, од многу претставници на оваа почитувана заедница во границите на албанската држава, покрај претставници на Амбасадата на Република Македонија во ...
Read More »Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“ во Тирана (ФОТО)
Фото: Македонскиот весник “Илинден” Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник “Илинден“ во Тирана. Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник ...
Read More »Обраќање на Радмила Стојмировска, Вршителка на должност амбасадор на Македонија во Тирана по повод 15-годишнината на весникот “Илинден”
Денеска имаме чест и радост да се собереме за да го одбележиме 15-годишниот јубилеј на македонскиот весник „Илинден“. Повеќе од една декада и половина, ова издание е вистински столб на македонската заедница во Албанија – место каде секој член може да ги најде најновите вести, информации и случувања од нашата татковина, но и од Албанија и од секојдневниот живот на ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана
Фото: Македонскиот весник “Илинден” Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ѝ ја врачам благодарницата “Илинден” за 2026 година на г-ѓа Марјана Дода, главен и одговорен уредник на ”Аргументум.ал“, изјави Ѓурѓај. Фото: Македонскиот весник “Илинден” Благодарницата беше ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора
Македонско друштво “Илинден“-Тирана преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружение „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, преставувано од Потпретседател Адвокат Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни ...
Read More »Централниот Совет на Македонците во Германија најостро ги отфрла изјавите на грчкиот пратеник Андреас Ворилас дадени во грчкиот парламент
Централниот Совет на Македонците во Германија најостро ги отфрла изјавите на грчкиот пратеник Андреас Ворилас дадени во грчкиот парламент. Насочените напади кон македонски клуб „Илинден“ во Латцен, Хановер, кое е член на Централниот Совет, како и кон неговото училиште по мајчин јазик, претставуваат неоснована дискредитација и обид за заплашување на македонската заедница. Недозволиво е во 21 век, во рамките на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden