Македонци

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски освари средба со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски 

Развојот на регионот Преспа е во заеднички интерес и за општина Ресен и за општина Пустец. По тој повод на 17.03.2021 средба остварија градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски. На средбата беше разговарано на повеќе заеднички теми од областа на економијата, инфраструктурата, туризмот, a посебен акцент беше ставен на прекугранични проекти. Оваа средба ...

Read More »

Македонците и Турците од Грција бараат почитување на основните малцински и човекови права

Претставници на македонското и турското малцинство во Грција во писмо до претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен го изразуваат своето незадоволство од одбивањето на ЕК да преземе конкретни чекори во однос на неодамна усвоената Резолуција за малцински безбедносен пакет. Тие ја повикуваат ЕК уште еднаш да ги разгледа конкретните барања од Резолуцијата и велат дека македонското и турското ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздрави говорот на Стерјовски на македонски јазик во Собранието на Република Албанија 

Македонско друштво „Илинден“-Tирана го поздравија говорот на македонски јазик на пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија. Од името на сите Македонци го поздравуваме кусото по текст обраќање на Стерјовски, но од огромно значење, кое претставува еден историски момент за македонското малцинство во Албанија. Посакуваме да биде пракса и во иднина. Воедно, ја ...

Read More »

Стерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денес запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија. Тој не само што е прв пратеник, кој јавно се декларира како Македонец, денес за првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом. -Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во ...

Read More »

Летник македонски народен празник

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар) и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова ...

Read More »

Стерјовски и официјално кандидат за пратеник на изборите во Албанија, побара поддршка за да продолжи да биде глас на Македонците

Откако Централната изборна комисија ја верификува кандидатската листа на Социјалистичката партија, за парлемантарите избори што во Албанија ќе се одржат на 25 април, лидерот на единствената македонска партија во ова земја, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски и официјално ја соопшти кандатурата за втор мандат. Почитувани Македонци и Македонки, драги мои сонародници,на парламентарните избори на 25 април, се кандидирам ...

Read More »

Стојко Стојков: Пред рамноправните држави бугарските влади храбро молчат, само со Македонија се „велики“

Доколку зависат од добрата волја на Софија, Македонците нема да имаат не само минато, туку ни иднина, оценува Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“- Пирин во интервју за „Независен“. Тој не верува дека нешто ќе се смени по изборите во оваа земја. Слободанка Јовановска „Можете да најдете колку сакате грчки натписи, дури и преведени на бугарски и англиски, за ѕверствата ...

Read More »

Снежни врнежи ја зафатија Општина Драгаш

Од раните утрински часови на подрачјето на општина Драгаш врне снег. Врнежите од снег засега се околу десет сантиметри и не го загрозија нормалното функционирање на сообраќајот на регионалните патишта. Засега сообраќајот на локалните патишта е отежнат и тешко е да се движите кон одредени населени места и се препорачува употреба на зимска опрема. Дирекцијата за итни интеревенции од општина ...

Read More »