Централната изборна комисија на Албанија, во пресрет на парламентарните избори закажани за 25 април отпечати едукативен материјал и на македонски јазик насловен „изборен криминал”. Во рамки на доследното информирање на малцинствата што живеат на територијата на Република Албанија и кои уживаат право на глас, го подготвивме овој материјал во врска со актите што го сочинуваат изборниот криминал и законските казни што ...
Read More »Македонци
Македонците во Грција бараат образование на македонски јазик
Организацијата „Крсте Мисирков“ во Грција го осудува неприфатливото однесување на Општината Едеса (Воден) која системски ги прекршува законските обврски и следи една несовесна практика на апартхејд кон групa на луѓе кои изразуваат културна и јазична разновидност што се однесува на домородните Македонци од оваа општина. „Оваа состојба со дискриминација која се наметнува на еден дел од грчките граѓани кои посакуваат ...
Read More »Стерјовски, освари средба со Иан Крафорд, шеф на политичкиот и економскиот оддел во амбасадата на САД
Пратеникот во албанскиот парламент од Македонска алијанса за европска интегација, Васил Стерјовски, во просторите на закондоавниот дом во Тирана денеска оствари средба со Иан Крафорд, шеф на политичкиот и економскиот оддел во амбасадата на САД во Албанија . На средбата станало збор за правата на малцинствата во Албанија, со посебен акцент за македонската заедница, учеството на Стерјовски во албанското Собрание, Законот ...
Read More »Македонците во областа Голо Брдо четврт ден без електрична енергија
Македонците од областа Голо Брдо четири дена се без електрична енергија, што е последица на големи оштетувања во елеткромрежата предизвикани од обилните снежни врнежи и силниот ветер. Поради скинати електроповодници, како и паднати бандери четири дена без електрчна енергија се околу шест илјади жители во административните единици Требиште и Острени. Екипи на Електродистрибуција се на терен но поради многубројните дефекти ...
Read More »Атанас Кирјаков од ОМО „Илинден“: Бугарија да ја почитува резолуцијата на ЕУ за правата на Македонците во Пиринска Македонија
Бугарија мора да ги почитува резолуцијата на ЕУ и бугарскиот суд од 1 јуни 2021 година да ги регистрираат сите македонски здруженија и организации во државата. Во спротивно, за Бугарија ќе следат санкции од ЕУ. Ова го истакнува Атанас Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја) во Пиринска Македонија, еден од челниците на ОМО „Илинден“, која годинава слави јубилеј 30 години. Пиринска Македонија ...
Read More »Стерјовски: Општина Пустец со 100 отсто наплата, но за жал со амортизирана електромрежа, Владата мора да го реши тоа
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, повторно ја пренесе загриженоста на Македонците, жители на општина Пустец во врска со проблемот со снабдување со електрична енергија. -Како пратеник од округот на Корча, во Парламентот, во повеќе наврати ја имам изразено загриженоста на жителите од македонската заедница во општина Пустец во ...
Read More »Книгата „Историската вистина за Македонија и Македонците“ од Александар Донски на грчки јазик ќе се шири кај Македонците во Егејска Македонија
Под покровителство и организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков, а во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, неодамна излезе од печат книгата „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата е објавена и на англиски и на грчки јазик. ...
Read More »Адем Хоџа лидер на „Единствена горанска партија“од Гора положи свечена заклетва во косовскиот парламент
Пратеникот на партијата победничка на вонредните парламентарни избори во косово, Движењето Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца е избран за претседател на новото косовско Собрание, на предлог на лидерот на неговата партија Албин Курти. Во состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот ...
Read More »Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија
Македонскиот активист од Пиринска Македонија, Атанас Кирјаков, излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија. „Мојата визија и моите точки што ќе придонесат за одврзување на ‘Гордиевиот јазол’ и решавање на спорот меѓу Република Бугарија и Република Македонија. 1.) Да ѝ се даде на Пиринска Македонија статус на културен и економски автономен регион, кој во согласност со ...
Read More »Осум години откако МАЕИ успеа да ги врати македонските топоними во општина Пустец
Лидерот на единствената македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски денес се потсети „на исправената неправда пред осум години” кога се вратија автентичните македонски топоними на Пустец и населените места во оваа општина. Имено, на 18 март 2013 година, албанското Собрание го изгласа законот за враќање на македонското име на општина Пустец. Оваа одлука на Парламентот, пак, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden