Сара Џелили учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“ во рамките на проектот „Творам за Македонија“ – Фондација Никола Кљусев, на ниво на средни училишта од Република Македонија. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сара Џелили потекнува од с. Требиште, областа Голо Брдо, ...
Read More »Македонци
Македонската дијаспора од Англија покрена хуманитарна акција за татковината Македонија
Македонската дијаспора од Англија, покрена акција за собирање на парични средства за купување на храна за социјално ранливите граѓани и еднородителските семејства во Македонија, наречена „Со љубов за Македонија“. Розетка Ремак, која повеќе од 25 години живее во Лондон, отвори страна за собирање на средствата, со надеж дека ќе собере 3000 фунти за храна и пакетчиња за своите сограѓани во Македонија, ...
Read More »Општина Булќиза подели новогодишни пакети за Македонците во Требиште и Острени, областа Голо Брдо
Општина Булќиза распредели пакети со хуманитарна помош за 50 македонски семејства кои се во социјален ризик, во административните единици Требиште и Острени, област Голо Брдо, Помошта се состои од прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена и по вреќа брашно. Во двете административни едници опфатени се по 25 семејства кои се во најнеповолна социо – економска состојба. Проценката ја направивме ...
Read More »Стојко Стојков од ОМО “Илиден”-Пирин: 99% од тие што земале бугарски пасош не се Бугари
Соседна Бугарија почна сѐ почесто да го споменува фактот дека македонски граѓани поседуваат бугарски пасоши, при што се споменуваа бројки од 88.000 па до 120.000. Стојко Стојков од ОМО “Илиден”-Пирин вели дека Бугарија ги даваше овие пасоши со намера вештачки да содаде лажен впечаток за постоење бројно бугарско малцинство во Македонија и истото да го користи за да ја уценува ...
Read More »Божиќно-новогодишна честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија
На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година. Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата. Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2021
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Read More »Стерјовски се избори за потребните средства за изградба на водовод во областа Мала Преспа (ВИДЕО)
Васил Стерјовски, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент успеа да излобира албанската Влада да издвои средства за изградба на водоводна мрежа во Општината Пустец. Во ноември Стерјовски на пленарна седница на Парламентот изјави дека Општината Пустец е единствена општина за која албанската Влада со буџетот за 2021 не планира никаква инвестиција. Стерјовски денеска од собраниската ...
Read More »Одлуката на ЕП чекор напред за Македонците во Бугарија и Грција, но националните права еднакво далеку
Резолуцијата за малцински безбедносен пакет што ја изгласа Европскиот парламент беше долгоочекувана од наша страна и овој чин го поздравуваме, но не веруваме многу во реализацијата, вели Стојко Стојков, лидер на ОМО “Илинден”-Пирин, организација на Македонците од Бугарија. Павле Воскопулос Филипов и Јоргос Пападакис од Виножито, партијата на Македонците во Грција, се убедени дека нема да се случи чудо Резолуцијата ...
Read More »Во Мала Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа
Во областа Мала Преспа се одвива втората фаза на Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, финансиран од KFW, фаза II, со што продолжува поддржувањето на одржливо шумарство и управување со земјиштето. Имено, во Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа долж двете страни на два споредни пата. Едниот е Националниот пат – село Глобочани, а вториот е Национален ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden