Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на Македонците во Албанија најостро ја осудува „најновата провокација на Бугарската академија на науките за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик”. Во реакцијата се наведува дека „ниту Македонците се Бугари, ниту македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик“. Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на Македонците во Република Албанија,најостро го осудува ставот на Бугарската академија ...
Read More »Македонци
Емисија Уредници на Алфа Телевизија: Положбата на македонското национално малциство во Бугарија (ВИДЕО)
https://www.youtube.com/watch?v=Zl5kErszWH0&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3u3UHyW8sSJPrjYzNUSUaD8vhhcyL3qPBqmyXkYVpego11xpUe_yR8Vss
Read More »Стерјовски и Докле од градоначалникот на Кукс побара подобри услови за живот за Македоците во Гора
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски, заедно со потпретседателот на партијата за областа Гора, Сокол Докле престојуваа во северниот град Кукс и селото Борје, област Гора, населена со Македонци. На средбата со градоначалникот Сафет Ѓици разговаравме за состојбата во областа Гора населена со македонско население, која административно ...
Read More »Македонците во областа Гора со нов пат што го поврзува селото Оргоста
Општина Кукс започна со работа на патот што го поврзува селото Оргоста, областа Гора. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим, од овој проект ке имат корист Македонците во областа Гора. Инвестирањето во областа Гора е од витално значење за жителите поради географската положба што ја има областа Гора. Покрај проширувањето на ...
Read More »Назиф Докле (1945-2014) интелектуалец од Гора борец за правата на Македонците во Албанија
Назиф Докле интелектуалец, собирач на фолклорот и уметник со македонско потекло од областа Гора, беше основач и прв претседател на етно-културното друштво “Гора” во 1991 година. Роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора, Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература Долги години ...
Read More »Македонците во Белград ги одбележаа Св. Климент Охридски и Деновите на македонската култура
Во рамките на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски и на Деновите на македонската култура во Србија, НИУ „Македонски информативни и издавачки центар“ од Панчево и Книжевното друштво од Раковица, во Галеријата на Центарот за култура во Раковица во Белград одржаа „Книжевната средба помеѓу македонските писатели од Србија и нивните пријатели – српските писатели“. На средбата со читање и презентација ...
Read More »Одбележен 8 декември “Ден на Македонскиот јазик во Романија“
Претседателот на Романија со декрет го прогласи 8-ми декември за “Ден на Македонскиот јазик во Романија“. По овој повод, Македонската заедница во Романија го одбележа празникот со културна манифестација. Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и ...
Read More »Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно го актуелизира барањето граничниот премин Џепиште –Требиште да функционира 24 часа
Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно побараа од владите во Скопје и во Тирана, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар да функционира 24 часа. Во соопштението на друштвото се наведува дека повеќе од неопходно е овој премин, кој е отворен во мај 2013 година, да функционира 24 часа. Владите на Македонија и на Албанија ...
Read More »Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати телеграма со сочувство до премиерот Рама
Македонското друштво„Илинден“-Тирана, од име на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот премиер Еди Рама, во која се искажува и солидарност со настраданите,која Македонците веќе ја потврдија. Господине премере, во мое лично име, во име на македонското друштво„Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и ...
Read More »Стерјовски на Конференција посветена на 30 годишнината од падот на железната завеса
Пратеникот во албанскиот парламент од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, учествуваше на конференцијата посветена на 30 годишнината од падот на железната завеса,што се одржа во Париз,Франција. Со колегите од европските парламенти разменивме мислења по многу прашања. Посебно ги запознав со положбата и правата на Македонците во Албанија.Секако разговаравме и за прашања поврзани ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden