Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, Албанија продолжува со организирање курс по македонски јазик, како изборен предмет. За таа цел факултетот вчера објави оглас, на кој, до 28-ми овој месец ќе може да се пријават сите заинтересирани студенти. „Во рамки на соработката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од ...
Read More »Македонци
Федералната унија на европските националности упати честитка за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Федералната унија на европските националности упати честитка за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Денес, на 21 февруари, го славиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за да ја промовираме јазичната различност и повеќејазичноста! Повеќе од 40% од светското население нема пристап до образование на својот мајчин јазик, а многу јазици на малцинствата се во опасност да исчезнат. Низ Европа, нашите организации членки работат ...
Read More »Македонското друштво “Илинден”-Тирана ви го честита 21 февруари меѓународен ден на мајчиниот јазик
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик“ Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува ...
Read More »Во Пустец одржана средба под мотото „Не чекај дискриминацијата да се случи, спречи ја”
Во рамки на “Неделата против дискриминација” денеска во Општина Пустец се одржа активност организирана од Комесарот за заштита од дискриминација на Албанија, Роберт Гајда, под мотото „Не чекај дискриминацијата да се случи, спречи ја” со поддршка од Советот на Европа и Европската Унија. Оваа активност исто така ја одбележа 15-годишнината од усвојувањето на Законот за заштита од дискриминација во Албанија, ...
Read More »МАЕИ: Македонците од Албанија кои живеат надвор од државата може да се пријават за гласање и со документи со изминат рок
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги информира Македонците од Република Албанија, кои живеат надвор од државата, дека може да се пријават за гласање на парламентарните избори и со документи со изминат рок. По изгласувањето на измените во Изборниот законик од страна на албанскиот парламент се дава право на сите албански граѓани во дијаспората да може да се пријават за ...
Read More »Екслузивно: Адем Хоџа лидер на „Единствена горанска партија“ од Гора нов пратеник во Косовскот парламент
Во новиот состав на косовскиот парламент, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата. Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја ...
Read More »Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права од Канада: Ние ќе ги платиме адвокатите за одбрана на македонската партија во Албанија
Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) – политичката партија која ги застапува правата на Македонците во Албанија, е тужена од страна на бугарска ултра-националистичка организација која отворено вели дека нејзина цел е да го избрише македонското малцинство во Албанија, како и македонската нација во целина. Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги покрива трошоците за одбрана на МАЕИ во ...
Read More »Се одржа првото рочиште против Македонска алијанса за европска интеграција по тужбата на Фондацијата „Бугарска меморија“
Во Корча денеска беше одржано првото рочиште по тужбата на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија поднесена против македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Споменатата фондација ја тужи МАЕИ и бара оштета од 10.000 евра и јавно извинување за клевета бидејќи баравме од албанските власти да ја забрани дејноста на ова фондација во Албанија. Тоа поради корумпирање на ...
Read More »МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Долна Горица
Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец. Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана повторно ја актуализира потребата за 24-часовно работење на граничниот премин Требиште – Џепиште
Македонското друштво “Илинден”-Тирана апелираа до Владата на Република Албанија да го реши долгогодишниот проблем со работното време на граничниот премин Требиште – Џепиште. Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараа преминот да работи 24 часа, како што беше договорено од владите на Македонија и Албанија во 2017 година. Долгогодишен проблем со функционирањето на преминот Граничниот премин Требиште – Џепиште, кој ги поврзува областа ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden