Македонци

Атанас Кирјаков од ОМО „Илинден“: Бугарија да ја почитува резолуцијата на ЕУ за правата на Македонците во Пиринска Македонија

Бугарија мора да ги почитува резолуцијата на ЕУ и бугарскиот суд од 1 јуни 2021 година да ги регистрираат сите македонски здруженија и организации во државата. Во спротивно, за Бугарија ќе следат санкции од ЕУ. Ова го истакнува Атанас Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја) во Пиринска Македонија, еден од челниците на ОМО „Илинден“, која годинава слави јубилеј 30 години. Пиринска Македонија ...

Read More »

Стерјовски: Општина Пустец со 100 отсто наплата, но за жал со амортизирана електромрежа, Владата мора да го реши тоа

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, повторно ја пренесе загриженоста на Македонците, жители на општина Пустец во врска со проблемот со снабдување со електрична енергија. -Како пратеник од округот на Корча, во Парламентот, во повеќе наврати ја имам изразено загриженоста на жителите од македонската заедница во општина Пустец во ...

Read More »

Книгата „Историската вистина за Македонија и Македонците“ од Александар Донски на грчки јазик ќе се шири кај Македонците во Егејска Македонија

Под покровителство и организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков, а во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, неодамна излезе од печат книгата „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата е објавена и на англиски и на грчки јазик. ...

Read More »

Адем Хоџа лидер на „Единствена горанска партија“од Гора положи свечена заклетва во косовскиот парламент

Пратеникот на партијата победничка на вонредните парламентарни избори во косово, Движењето Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца е избран за претседател на новото косовско Собрание, на предлог на лидерот на неговата партија Албин Курти. Во состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот ...

Read More »

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија

Македонскиот активист од Пиринска Македонија, Атанас Кирјаков, излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија. „Мојата визија и моите точки што ќе придонесат за одврзување на ‘Гордиевиот јазол’ и решавање на спорот меѓу Република Бугарија и Република Македонија. 1.) Да ѝ се даде на Пиринска Македонија статус на културен и економски автономен регион, кој во согласност со ...

Read More »

Осум години откако МАЕИ успеа да ги врати македонските топоними во општина Пустец

Лидерот на единствената македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски денес се потсети „на исправената неправда пред осум години” кога се вратија автентичните македонски топоними на Пустец и населените места во оваа општина. Имено, на 18 март 2013 година, албанското Собрание го изгласа законот за враќање на македонското име на општина Пустец. Оваа одлука на Парламентот, пак, ...

Read More »

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски освари средба со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски 

Развојот на регионот Преспа е во заеднички интерес и за општина Ресен и за општина Пустец. По тој повод на 17.03.2021 средба остварија градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски. На средбата беше разговарано на повеќе заеднички теми од областа на економијата, инфраструктурата, туризмот, a посебен акцент беше ставен на прекугранични проекти. Оваа средба ...

Read More »

Македонците и Турците од Грција бараат почитување на основните малцински и човекови права

Претставници на македонското и турското малцинство во Грција во писмо до претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен го изразуваат своето незадоволство од одбивањето на ЕК да преземе конкретни чекори во однос на неодамна усвоената Резолуција за малцински безбедносен пакет. Тие ја повикуваат ЕК уште еднаш да ги разгледа конкретните барања од Резолуцијата и велат дека македонското и турското ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздрави говорот на Стерјовски на македонски јазик во Собранието на Република Албанија 

Македонско друштво „Илинден“-Tирана го поздравија говорот на македонски јазик на пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија. Од името на сите Македонци го поздравуваме кусото по текст обраќање на Стерјовски, но од огромно значење, кое претставува еден историски момент за македонското малцинство во Албанија. Посакуваме да биде пракса и во иднина. Воедно, ја ...

Read More »