Македонија

Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството

Фото: Министерство за одбрана Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ присуствуваше на церемонија за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија. Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството. Денеска заврши едно успешно поглавје за SEEBRIG, во кое Македонија беше домаќин на Командата на оваа значајна регионална ...

Read More »

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што Министерството за енергетика, ...

Read More »

Македонија: Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Фото: Собрание на Македонија Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи ...

Read More »

Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, посочува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Вицепремиерот детално информирал за напредокот на сите автопатски проекти што ...

Read More »

Николоски: Ќе се гради автопатот Требениште–Струга–Ќафасан

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува само да се одбере трасата. Најважно е, посочи, дека ќе се реализира. Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше ...

Read More »

Николоски: Железничко поврзување на Македонија со Албанија преку коридорот 8, воведување на меѓуградски возови

Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Македонија со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови. Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата ...

Read More »

На дијаспората мора да ѝ се овозможи да гласа електронски или по пошта!

Македонија има чуден однос кон своите иселеници и кон луѓето коишто заминале и заминуваат во светот по потрага по подобар живот, со намера еден убав ден да се вратат ако се создадат можности за тоа. Од една страна, од овие луѓе се бара да демонстрираат љубов и лојалност кон татковината, да инвестираат во своите родни краишта, да им испраќаат пари ...

Read More »

Николоски: Железничката обиколница Скопје ќе го забрза транспортот со карго возовите на Коридор 10, бенфититет се повеќератни

Фото: Министерство за транспорт   Железничката обиколница Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop“ со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје истакна заменик претседателот на ...

Read More »

Кос: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ (ВИДЕО)

Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се кфалификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што ...

Read More »

Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Фото: Министерство за дигитална трансформација Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата. Целта на меморандумот е да се овозможи соработка во делот на ...

Read More »