Македонија

Мисајловски: Стабилен Балкан значи стабилна Европа – евоинтеграцијата на земјите од регионот ќе ја зајакне европската безбедност

Facebook / Vlado Misajlovski Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата- рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот ...

Read More »

Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ1 говореше за мобилната апликација м.Услуги, која ќе им овозможи на граѓаните да ги имаат личната карта, возачката дозвола и другите документи во електронска форма, на едно место во својот мобилен телефон. „Пред една година беше промовирана демо-верзијата на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје. ...

Read More »

Божиновска до СДСМ: Покажете ги доказите или повлечете ги невистините – политиката не е дозвола за клевета

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет. Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ...

Read More »

Православните верници денеска го слават Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е раѓање на Пресвета Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има Пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а ...

Read More »

Мисајловски на годишен состанок со министрите за одбрана од регионот: Фокус на безбедноста, кризите и хибридните закани

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји ...

Read More »

Мицкоски објави видео од разговорот со Марко Рубио: „Македонско-американско стратешко партнерство“ (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, објави видео од разговорот со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Видеото премиерот го објави на својот профил на Фејсбук, со кратка порака: „Разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Македонско-американско стратешко партнерство.“ Мицкоски и Рубио неодамна разговараа за билатералните односи и натамошното продлабочување на стратешкото партнерство ...

Read More »

Николоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност

Фото: Министерство за транспорт Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на ...

Read More »

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Фото: Министерство за транспорт Нелојалната конкуренција при користењето на европските грантови и потребата од долгорочни австриски визи за македонските превозници беа меѓу клучните теми на кои се осврна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на денешниот македонско-австриски бизнис форум, кој се оддржа во Стопанската комора на Македонија. Обраќајќи се пред деловната заедница, Николоски посочи дека покрај инвестициите ...

Read More »

Генетска меморија

Никој нема право на една нација да ѝ објаснува што носи во сопствената меморија. Затоа, секоја злоупотреба на историјата за да се произведе впечаток дека еден народ е само „продолжение“ на друг мора да биде препознаена и разобличена Во последниве денови, реториката за „генетска меморија“ стана составен дел од арсеналот на бугарската националистичка и шовинистичка политика кон Македонија и македонскиот ...

Read More »

Македонија: Скопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУ

Во Скопје се одржува Меѓурегионалниот состанок на главните преговарачи и високите претставници одговорни за европска интеграција, чиј домаќин е првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Состанокот обединува претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на Европската Унија и меѓународни партнери. Во фокусот се иднината на проширувањето на Европската Унија, следната Повеќегодишна ...

Read More »