Свеченоста почна со церемонија на подигање на државното знаме и интонирање на химната од страна на Воениот оркестар. Претседателот на Владата пред почетокот на свеченоста го пречека претседателот на Собранието Африм Гаши, а на одбележувањето присуствуваат министри, пратеници, претставници на институции, на дипломатскиот кор, на верските заедници. Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е ...
Read More »Македонија
Македонија одбележува 35 години независност
Три и пол децении откако граѓаните на Македонија на историскиот референдум од 8 септември 1991 година се изјаснија за суверена и самостојна држава. 35 години независност – јубилеј што ја сумира една од најбурните, но и најзначајни етапи во современата македонска историја. Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“, преку мирното осамостојување и тешката битка за меѓународно признавање, до ...
Read More »Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион
За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за ...
Read More »Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници интересот е голем
Градскиот воз во Скопје за само три дена од стартот превезе околу 1.500 патници, а првичните анализи покажуваат дека интересот кај граѓаните е добар и се очекува бројката во периодот што следи значително да расте. Плановите предвидуваат проширување на железничкиот сообраќај со уште две линии, со кои повеќе приградски населби ќе бидат поврзани со Новата железничка станица, истакна во вечерашното ...
Read More »Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и Турција
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги. Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, на Република Македонија, Ѓоко Велковски и министерката за семејство и социјални услуги ...
Read More »Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска попладнево во Солун, во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), го потпиша Меморандумот за соработка, со што Македонија и официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор. Како што истакна Божиновска пред потпишувањето, Вертикалниот енергетски коридор не е само гасоводна инфраструктура, туку ја претставува новата безбедносна, економска и ...
Read More »Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија, ја градиме Македонија
Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот Фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар ...
Read More »Ѓорче Петров по киднапирањето на Мис Стон на 3 септември 1901: Најголем дел од парите од Мис Стон отидоа за борба против врховизмот!
Од Спомените на Ѓорче Петров, 14 јуни 1908 година, за неговата улога во аферата со грабнувањето на Мис Стон. Уште не бев отишол од Софија, кога решивме Делчев лично да ја води борбата тука со Цончевистите. Тоа беше уште пред да лежам в участок да ме интернираат во Трново. Аферата Мис Стон веќе беше станала. Нејзиното фаќање стана без наше ...
Read More »Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат
Киро Глигоров, има историски заслуги за тоа што државата ја стекна својата независност по мирен пат, без војна, жртви и разорувања, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, на свеченоста по повод 35 години независност, во организација на СДСМ, „Македонија е сè што имаме“ на која премиерно беше прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија“, дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид ...
Read More »Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово
По барање на Република Косово, Република Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden