Македонија

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во ...

Read More »

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат ...

Read More »

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти можа да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”. Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и ...

Read More »

Во Подгорци одбележана 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата Свети Јован Владимир

Со голема духовна и заедничка радост, во село Подгорци, Струга свечено беше одбележана 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај, кој цели еден век претставува духовен дом, културно средиште и симбол на истрајноста на православната вера во овој крај. По повод празникот на Свети Јован Владимир, во храмот беше отслужена ...

Read More »

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски и Теодорот Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставници на локалните самоуправи, се одржа настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Македонија на областа Преспанско Езеро“. Со тоа се означи започнување на ...

Read More »

Mинистерот за одбрана на Македонија, Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани, истакна во своето обраќање на министерскиот состанок на НАТО во Брисел минист6ерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски. Денеска се обратив на состанокот ...

Read More »

Црковна делегација од Свети Јован Крстител – Бигорскиот манастир на големата прослава на споменот на Свети Јован Владимир во Елбасан (ФОТО)

Благочестие, духовно веселие, благодарност и молитвословие – сè што го допира срцето и го отвора умот кон небесната светлина, се слеа овие денови во благословената свештена обител на Свети Јован Владимир, близу Елбасан, каде што се прослави неговиот светол и благодатен годишен спомен. Беше тоа празник исполнет со величие и скромност, со светлина и благоговејност, со изобилна благодат и вдахновена ...

Read More »

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем. “ На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во ...

Read More »

Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик

Министерството за дигитална трансформација на Македонија работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски. Андоновски, во интервју за „360 степени“ вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, ...

Read More »

Македонската дијаспора повикува на мировен протест пред Европскиот парламент во Брисел

Формално одделени од матицата, нашинците низ светот се самоорганизираат На 4 јуни 2025 година, во 11 часот, пред Европскиот парламент во Брисел, македонската дијаспора ќе одржи мирен протест. Во повикот, кој е објавен од повеќе македонски друштва и организации, се повикуваат сите Македонци што живеат и работат во европските држави масовно да му се приклучат на протестот. Овој протест е ...

Read More »