Фото: kfsm.mk Нашата машка кошаркарска селекција „Под 20“ години во унгарскиот град Шопрон го одигра првиот натпревар од групата „Д“ од ФИБА „Челенџер“ турнирот во кој славеа играчите на селекторот Тони Симиќ. Македонија триумфираше над Луксембург со резултат 73:57 (15:15, 22:20, 12:12, 24:10), нашите млади кошаркари во второто полувреме го скршија отпорот на противникот. Првото полувреме не можеше да се опише ...
Read More »Спорт
Италија нов европски фудбалски шампион
На големото финале на Вембли во Лондон, Италија во вистински фудбалски спектакл дури по пенал рулетот ја совлада селекцијата на Англија со 3-2(1-1) и заслужено стигна до шамионскиот пехар. Ова е втора европска круна по онаа во далечната 1968 освоена по два меча против тогашна југославија, за популарните азури во историјата. Херој на азурите во големото финале е најдобриот фудбалер ...
Read More »Еуро2020: Англија и Италија вечерва во битка за европскиот фудбалски трон
Стадионот „Вембли“ во Лондон вечерва од 21 часот ќе биде домаќин на финалето на 16. Европско фудбалско првенство во кое домаќинот Англија ја пречекува репрезентацијата на Италија. Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак. Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт ќе се обиде да го повтори ...
Read More »РК Алкалоид нов ракометен проект во Македонија
Првиот човек на Алкалоид и Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска, го промовираа новиот ракометен проект, Ракометен клуб Алкалоид. РК Алкалоид со натпреварување ќе започне од Првата лига и треба да биде база на млади играчи, кои во следните десеттина години ќе го носат македонскиот дрес. Овој проект е за доброто ...
Read More »Англија ја победи Германија на Вембли и го продолжи патот на ЕП
Англија со 2-0 ја победи Германија во фудбалската класика на Европското првенство и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот. Англија ја доби фудбалската војна против Германија, Герет Саутгејт го надмудри Јоаким Лев кој денеска за последен пат ја водеше Германија. Натпреварот долго време беше 0-0, преовладуваше тактичка игра, немаше многу шанси и фудбалска убавина. Во 69. минута Саутгејт го ...
Read More »Горан Пандев: За Македонија го дадов максимумот
Многу емоции имаше денеска по последниот натпревар на Горан Пандев за македонската репрезентација против Холандија. После мечот, Пандев упати благодарност до целата македонска јавност, но и до сите луѓе со кои се дружел во репрезентацијата во изминатите 20 години. „Возбуден сум и благодарен на цела македонска јавност. Чест ми беше да го носам македонскиот дрес 20 години. Среќен сум што ...
Read More »Македонските навивачи го „окупираа“ Букурешт пред историското деби Македонија – Австрија (ФОТО)
Македонските навивачи вчера и денеска го окупираа главниот романски град Букурешт, пред вечерашниот прв натпревар од ЕУРО 2020 против Австрија. Навивачи на Македонија може да се забележат секаде низ улиците на главниот град на Романија. Вечерва ќе има супер атмосфера и на трибините на Националната Арена каде што Македонија ќе дебитира на едно големо натпреварување. Атмосферата е загреана, останува сега ...
Read More »Македонија славеше убедлива победа над Казахста 4 – 0
Репрезентацијата на Македонија одигра одличен меч против Кзахстан и сосема заслужено оствари убедлива победа од 4:0 во рамките на последниот контролен тест пред заминувањето за Букурешт. Нашата селекција одигра одличен меч во кој тотално го надигра противникот, доминираше во текот на сите 90 минути и заслужено победи убедливо. Езџан Алиоски го отвори резултатот во 35 минута со удар од белата ...
Read More »Репрезентација на Македонија одигра нерешено против селекцијата на Словенија
Репрезентација на Македонија одигра нерешено против селекцијата на Словенија на контролниот натпревар одигран на националната арена „Филип Втори”. Пред 10 000 гледачи, избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа нерешено 1:1. Нашите фудбалери пропуштија победа во последните мигови од средбата. Во првиот дел доста динамичен ритам, без погодици, нашата селекција доминираше, имаше иницијатива, но без посериозна шанса за постигнување на гол. ...
Read More »Македонскиот параглајдерист Борјан Јованоски е победник на 22ри “Албaнија Опен Фест”
Голема победа за македонските параглајдеристи на 22рото издание на Албанија Опен Фест, традиционален меѓународен настан од висока ФАИ2 категорија. На брегот на Валона силите ги одмерија пилоти на крила од многу земји но победничкото место беше наменето само за една. Првото место, во поединечна категорија, по тешка борба до самиот крај заслужено му припадна на нашиот Борјан Јованоски, спортист од ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden