Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на одлуката на Врховниот суд да ги укине неговите царини, нарекувајќи ја „срамна“, јави Би-Би-Си. Тој ја даде оваа забелешка додека зборуваше на состанок со државните гувернери рано утрово, изјавил извор за британскиот медиум. Сè уште нема официјална реакција од Трамп, ниту од претставници на Белата куќа. Врховниот суд на САД денеска го блокираше Трамп ...
Read More »Свет
Вашингтон го поддржува Орбан пред изборите
Американскиот претседател Доналд Трамп е посветен на успехот на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи неговото лидерство и блискиот однос со Трамп се клучни за интересите на САД, изјави државниот секретар Марко Рубио изразувајќи цврста поддршка за унгарскиот лидер пред тешката изборна трка во април, забележаа агенциите. На прес-конференцијата со Орбан во Будимпешта во понеделникот Рубио рече дека врските на САД ...
Read More »Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години (ВИДЕО)
Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција како дел од истрагата што произлегува од неговата врска со Џефри Епстин. Тој е првиот висок член на британското кралско семејство уапсен по речиси 400 години, од времето на кралот Чарлс I.
Read More »Верниците од исламска вероисповед го започнаа светиот месец Рамазан
Верниците од исламска вероисповед го започнаа светиот месец Рамазан, кој годинава ќе трае 29 дена. Со заоѓањето на сонцето на 18 февруари 2026 година, официјално започна светиот месец Рамазан, додека првиот ден на постот е на 19 февруари. Овој период, кој се смета за најсвет во исламскиот календар бидејќи го одбележува објавувањето на Куранот на пророкот Мухамед, претставува време на интензивна духовна рефлексија. Годинава, Рамазан ќе трае ...
Read More »Косово одбележува 18 години од прогласувањето независност
Република Косово одбележува 18 години од прогласувањето на својата независност — настан што претставува пресвртна точка во поновата историја на земјата. На 17 февруари 2008 година, во главниот град Приштина, Собранието ја усвои Декларацијата за независност, изразувајќи ја волјата на граѓаните за самостојна и суверена држава. Овие осумнаесет години беа исполнети со предизвици, но и со значајни достигнувања. Косово работеше ...
Read More »Рубио се сретна со Орбан во Будимпешта
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја започна својата официјална посета на Унгарија и денеска во Будимпешта разговараше со унгарски официјални претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан. Како што пренесуваат унгарски медиуми, тие разговарале за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, особено мировните процеси и енергетските односи меѓу САД и Унгарија. Рубио вчера пристигна во Унгарија од Словачка, каде што ...
Read More »Преговорите меѓу САД и Иран ќе се одржат во Женева следната недела
Оман ќе организира разговори меѓу САД и Иран следната недела во Женева, потврди Швајцарското федерално Министерство за надворешни работи. Швајцарија ги поздравува тие преговори и изрази подготвеност да „поддржи секаква иницијатива насочена кон деескалација на тензиите“. Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат разговори со иранските претставници во вторник во Женева, со посредство на претставници на Оман, јавија ...
Read More »Сијарто со остри обвинувања: Украина се меша во изборниот процес во Унгарија
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, упати сериозни критики до официјален Киев, тврдејќи дека украинските власти продолжуваат со обидите за влијание врз претстојните избори во неговата земја. Според Сијарто, ова претставува недозволиво мешање во суверенитетот на една соседна држава. Министерот посочи дека унгарската влада поседува информации за координација меѓу украинското раководство и домашната опозиција во Унгарија, со цел да ...
Read More »Почнува 62. Минхенска безбедносна конференција
Foto: Munich Security Conference Традиционално, во хотелот „Бајеришер Хоф“ денеска почнува 62. Минхенска безбедносна конференција (MСЦ), на која ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи 60 шефови на држави и влади, 100 министри за надворешни работи и претставници на големи меѓународни организации, меѓу кои се шефовите на ЕУ, НАТО, АСЕАН, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска организација ...
Read More »Нетанјаху: Израел се приклучува на Одборот за мир на Трамп
Израел се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио, на „X“ објави дека потпишал документ за пристапување на Израел во Одборот, а визуелните снимки од состанокот го покажаа како држи документ со неговиот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden