Свет

Повторно отворена иранската берза

Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто од вкупниот пазарен волумен. Локалниот ...

Read More »

САД откажуваат дел од воената соработка со Канада

Министерство за одбрана на САД прекинува дел од военната соработка со Канада, соопшти високопоставен претставник на Пентагон. Одлуката доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу двете соседни земји и обвинувања од Вашингтон дека Канада не ги исполнува своите обврски во областа на одбраната. Заменик-министерот за одбрана на САД за политички прашања, Елбриџ Колби преку статус на мрежата„Икс“ изјави дека САД ...

Read More »

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита

Германија планира значително зголемување на трошоците за цивилна заштита како одговор на зголемени безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, во интервју за весникот „Билд“ истакна дека Владата ја засилува заштитата на населението и системот за цивилна одбрана, најавувајќи и поостар одговор на државата кон хибридните закани. Тој нагласи дека ќе се зајакне и поддршката за волонтерите во службите ...

Read More »

Белата куќа: Трамп и Си се согласија дека Ормуската Теснина мора да остане отворена

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и кинескиот лидер Си Џинпинг се согласија дека Ормуската Теснина мора да остане отворена за слободен проток на енергија, објави Белата куќа по состанокот на лидерите во Пекинг. Британските медиуми пренесуваат дека во официјалното резиме од разговорите Белата куќа наведува дека двајцата лидери разговарале за глобалната енергетска стабилност, како и за потребата од непречен проток на ...

Read More »

Италија: Сите тестирани на хантавирус се негативни, шест лица под надзор

Според соопштението, надзорот се спроведува над патници кои биле поврзани со низа летови и контакти со лица кај кои постоел сомнеж за инфекција, вклучувајќи го и случајот со жената која подоцна почина од хантавирус, пренесе Анса. Италијанското Министерство за здравство соопшти дека сите досега направени тестови на хантавирус кај лицата кои се ставени под медицински надзор се негативни, додека вкупно ...

Read More »

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик. Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето ...

Read More »

Советот за надворешни работи на ЕУ ќе расправа за напредокот на Западен Балкан

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој една од темите ќе биде напредокот на Западен Балкан во рамките на европската интеграција. Министрите на земјите-членки на ЕУ ќе одржат работен појадок со своите колеги од државите од регионот. Главна тема ќе биде спроведувањето на реформите и хибридната закана, изјави шефицата на дипломатијата ...

Read More »

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната.

Read More »

81 година од победата над фашизмот

Ноќта помеѓу 8 и 9 мај 1945 година во берлинското предградие Карлсхорст беше потпишан Актот за безусловна капитулација на Германија, со што официјално беше означен крајот на Втората светска војна во Европа и поразот на нацистичкиот Рајх. Церемонијата започнала во 00:43 часот по московско време, односно 22:43 часот по средноевропско време. Капитулацијата била прифатена од маршалот на Советскиот Сојуз Георгиј ...

Read More »

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија како што ...

Read More »