Свет

Кинеската армија утрово ги почна воените вежби околу Тајван

Кинеската војска рано утрово ги почна воените вежби околу Тајван, по 25 годишна пауза. Вежбите се реализираат во шест зони околу Тајван и ќе траат до недела попладне. Некои ќе бидат на само 20 километри од тајванското крајбрежје. Истовремено Пекинг, издаде предупредување за бродовите и авионите да не влегуваат во водата и воздушниот простор во областите каде што се одржуваат ...

Read More »

Во Њујорк прогласена епидемиолошка вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Властите на Њујорк прогласија вонредна епидемиолошка состојба поради ширењето на мајмуни сипаници, пренесоа светските агенции. Според градоначалникот Ерик Адамс, околу 150.000 луѓе се изложени на ризик од инфекција. Прогласувањето вонредна состојба ќе им овозможи на властите да издаваат регулативи насочени кон забавување на ширењето на заразата. Од петокот, во целата држава Њујорк имало 1.345 заразени, а само во метрополата 1.289. ...

Read More »

Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван

Кина денеска соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија. Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан ...

Read More »

Европските земји вршат притисок врз Германија да не ги затвора нуклеарките

Расте притисокот врз германската влада, кој доаѓа не само од опозицијата, туку и од европските партнери, да ја продолжат работата на преостанатите три нуклеарни централи поради недостигот на гас. „Од германската влада се бара да ја продолжи работата на нуклеарните централи, а тоа го бараат не само опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, туку и неколку партнери од Европската унија“, пренесува агенцијата ...

Read More »

ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023

Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за уште шест месеци, па така се продолжени до крајот на јануари 2023 година. Ројтерс пренесува дека оваа одлука, која ја донесоа министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014, а значително беа проширени по руската инвазија на Украина во февруари годинава. Во моментов ...

Read More »

Ердоган ја обвини Грција за прекршување на малцинските права

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана, ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија. Условите што се дел од Договорот, особено правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност ...

Read More »

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека одобрила вакцина против големи сипаници да се применува во превенција од мајмунски сипаници. ЕМА препорача антивирусната вакцина Имванекс да биде вклучена во заштитата на возрасните лица од мајмунски сипаници, соопшти европскиот регулатор за лекови. Се оценува дека вакцината против големи сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго ...

Read More »

Русија и Украина потпишаа договор за извоз на житарки

Во Истанбул е потпишан договорот со кој се овозможува Украина да го обнови извозот на жито. Делегатите штотуку го завршија потпишувањето на денешниот договор, кој ќе овозможи од Украина да се извезат околу 20 милиони тони жито, кое беше подложено на руска блокада. Договорот попладнево во Истанбул го потпишаа Украина, Русија, Турција и генералниот секретар на ОН. Турција помогна да се ...

Read More »

Регион Приднестровје во Молдавија бара независност и можно приклучување кон Русија

Министерот за надворешни работи на молдавскиот регион Приднестровје, кој граничи со Украина, денеска изјави дека е посветен на постигнување независност и можно обединување со Русија. Контингент руски мировници е стациониран во Приднестровје од 1992 година. Аналитичарите сметаат дека Путин всушност се обидува да ја преземе контролата врз територијата на која живеат околу 470 илјади луѓе, пишува The Guardian. Во јуни, ...

Read More »

Шолц: Унијата ја губи почитта поради себичните интереси на некои членки

ЕУ повеќе не може да си дозволи поединечни членки да „инвестираат национално вето“ од себични причини кога одлучуваат за својата надворешна и безбедносна политика, доколку сака да ја задржи водечката улога во глобалната политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Поради „војната на Москва во Украина“, Европа мора да се обедини што е можно поскоро, а тоа го зголемува притисокот да ...

Read More »