Свет

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена

„Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие велат: ’Ова е наша војна’. Всушност, тоа не е наша војна“, рече Сијарто во интервју за грузискиот телевизиски канал Рустави 2. Конфликтот во Украина ...

Read More »

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Фото: Италијанска национална служба за спасување Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице. Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со ...

Read More »

Бабиш ја повика Европа да започне мировни преговори со Путин за Украина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објавија денеска чешките медиуми. „Европските лидери сега почнаа да зборуваат за тоа како Европа треба да преговара со Путин. Претходно, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше со Зеленски и со Путин, сите го осудија тоа“, потсети Бабиш, според чешкиот ...

Read More »

Германија не планира да отвори конзулат во Гренланд

За разлика од Франција, Германија во моментов не планира да отвори генерален конзулат во Гренланд. Федералната влада веќе е претставена во Гренланд од почесен конзул“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека отворањето конзулат не е планирано во овој момент. Франција вчера објави дека отворила генерален конзулат во Гренланд, станувајќи првата земја од ЕУ што го сторила тоа. Претседателот ...

Read More »

Aнтонио Хозе Сегуро е фаворит во вториот круг од претседателските избори во Португалија

Според анкетите, 77-годишниот Антонио Хозе Сегуро од централнолевичарската Социјалистичка партија (ПС) е јасен фаворит и се предвидува дека ќе освои до две третини од гласачките ливчиња. Неговиот противник, десничарскиот популист Андре Вентура (43), би можел да освои околу 34 проценти. Португалците денеска излегуваат на гласачките места во вториот круг од претседателските избори за да го одредат наследникот на конзервативниот претседател ...

Read More »

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија. „Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“. Тој нагласи дека Унгарија „вели ...

Read More »

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд

Foto: Berlin Brandenburg Airport Аеродромот во Берлин утрово објави дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град. Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин Бранденбург поради временските услови, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш замрзнал. Прекинот влијае само на ...

Read More »

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, потпиша резолуција, одобрена од Советот на министри на крајот на јануари, со која им се дава право на жените да возат мотоцикли и скутери. Жените во Иран сега можат формално да добијат возачка дозвола за мотоцикли и скутери, објавија иранските медиуми. Според сообраќајниот закон, на жените не им било експлицитно забрането да ги ...

Read More »

Иран ќе води фер и правични преговори со САД, истакна иранскиот претседател Пезешкијан

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека му наложил на својот министер за надворешни работи да води „фер и правични преговори“ со САД. Пезешкијан во објава на „X“ изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи „да води фер и правични преговори, водени од принципите на достоинство, разумност и целесообразност“, додавајќи: „под услов да постои соодветна средина ...

Read More »

Во Полска најмалку 38 лица починале од екстремен студ

Најмалку 38 лица починале од хипотермија во Полска оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани, соопштија полските власти. Поради екстремно ниските температури и најавената најстудена ноќ во годината, службите се во зголемена подготвеност, а се стравува дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепански, изјави дека ...

Read More »