Свет

Почина Ратко Младиќ: Од генерал до воен злосторник

Механизмот за меѓународни кривични трибунали во Хаг претходно ги отфрли сите барања на неговата одбрана и семејството Младиќ од хуманитарни причини да биде пуштен на соодветно лекување и палијативна нега во Србија. Поранешниот командант на Главниот штаб на војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 83-годишна возраст – потврди државната секретарка во Министерството ...

Read More »

Во поплавата во Непал загинаа најмалку 17 луѓе

Foto: Screenshot/FB/The Himal World Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет. Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста. Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од ...

Read More »

Пропаднаа трговските преговори меѓу САД и Канада

Трговските разговори меѓу САД и Канада чија цел беше избегнување на воведувањето американски царини од 50 проценти за увоз на канадски производи, пропаднаа во последен момент, јавија северноамериканските медиуми. Според Канада, работите тргнаалр наопаку кога САД во последен момент побарле значителни измени во трговскио договор. Промените што САД ги направија во предложените услови во последен момент, беа неправедни и економски ...

Read More »

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече ...

Read More »

Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија

Италија во догледно време нема да прифаќа назад мигранти од Германија, и покрај новите правила на Европската Унија, изјави денеска вице-премиерот Матео Салвини. Лидерот на десничарската партија „Лига“ позиција таја образложи со тоа што германски хуманитарни организации имаат бродови во Средоземното Море што спасуваат мигранти и ги носат во Италија, од каде дел од нив продолжуваат кон Германија. -Германија нема ...

Read More »

Најмалку 12 загинати и 47 повредени во сообраќајната несреќа на полски автобус во Унгарија

Најмалку 12 луѓе загинаа, а уште 47 се повредени откако автобус со полска регистрација се преврте во Унгарија, на околу 140 километри од главниот град Будимпешта. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ. Службите за итна помош во Унгарија соопштија дека десетмина од патниците во автобусот добиле тешки повреди, а 37 лица се полесно повредени, посочува ДПА. Во изјава ...

Read More »

Спречен нов масовен обид за илегален влез во Сеута

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои се обиделе да ја преминат границата и да влезат во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, додека властите од двете страни на границата го зголемија степенот на безбедност поради повиците за нов масовен обид за преминување. Според извор од мароканското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените има 109 мигранти од супсахарска Африка и ...

Read More »

Фронтекс регистрира пад од 37% на нелегалната миграција за 2026 година

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс регистрираше пад од 37% во обидите за нелегално преминување на надворешната граница на блокот во првите седум месеци од годината, објави ДПА. Агенцијата со седиште во Варшава објави во петокот дека имало 61.000 такви записи . Сепак, податоците се прелиминарни и не ги одразуваат „вонредните настани“ на надворешната граница на ЕУ – шпанската енклава Сеута.  Потсетуваме ...

Read More »

ЕУ го одложува ЕТИАС системот со кој ќе треба да се најавуваме пред патување

Долгонајавуваната европска дозвола за патување за граѓаните на земјите без виза повторно е одложена. Засега, Европската Унија нема нов датум за почеток на системот ЕТИАС (ETIAS), па патниците се предупредени да не пополнуваат никакви барања ниту да плаќаат ништо, пишуваат српските медиуми. Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ЕТИАС ) требаше да биде воведен на крајот од оваа ...

Read More »