Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Американски Држави денеска пораснаа откога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин на тримесечната војна во ...
Read More »Свет
Турција го зајакнува обезбедувањето за самитот на НАТО
Лидерите на 32 држави-членки ќе се соберат на 7 и 8 јули во главниот град на Турција, Анкара, вклучувајќи го и претседателот на САД, Доналд Трамп, чии закани за повлекување на неговата земја од НАТО и за намалување на бројот на американски војници во Европа можат да создадат неизвесност околу иднината на Алијансата. Турција подготвува опсежно обезбедување за претстојниот самит ...
Read More »Извештај: Во Германија зголемен бројот на кривични дела со екстремистичка заднина
Шпионажа, кибер напади, десничарски и левичарски екстремизам, исламизам: Германија се соочува со закани и однадвор и одвнатре. Дали надлежната разузнавачка агенција е подготвена за тоа? Статусот на заканите е одразен во бројките што ги обезбеди Федералната канцеларија за заштита на Уставот (BfV) во нејзиниот годишен извештај за 2025 година, објавен вчера во Берлин: речиси 59.000 регистрирани кривични дела со екстремистичка ...
Read More »Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ
Фото: European Parliament Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време на кое една од главните теми ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период. Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Во својата програма, таа ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за ...
Read More »Европа во незапамтен топлотен бран
Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 степени Целзиусови, додека други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија низ Стариот континент. Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од ...
Read More »СЗО: Во ДР Конго и во Уганда 75 здравствени работници се заразени со ебола
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 75 здравствени работници се заразени со ебола за време на епидемијата во Демократска Република Конго и во Уганда. Седумнаесет од нив починаа, изјави претставничката на СЗО во Бунија, Мари-Розелин Белизер, додавајќи оти е непознато дали тие биле заразени на работа или во приватниот живот. Таа посочи дека СЗО работи за да ги снабди дури ...
Read More »Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран за прекин на блискоисточкиот судир (ФОТО)
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата ...
Read More »Коринтскиот канал повторно отворен за пловидба
Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони, јави дописничката на МИА од Атина. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините ...
Read More »УНЕСКО го осуди нападот врз Киево-Печерската лавра
УНЕСКО го осуди нападот врз Киево-Печерската лавра на 15 јуни, опишувајќи го како сериозен удар врз едно од најважните духовни и културни обележја на Украина. Во соопштение објавено во неделата, УНЕСКО изрази длабока загриженост поради штетата предизвикана на локалитетот на светското наследство, официјално впишан под називот „Киев: Соборниот храм Света Софија и поврзаните манастирски објекти, Киево-Печерска лавра“. Според организацијата, нападот ...
Read More »Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
Швајцарците денеска гласаат на референдум за иницијативата за ограничување на бројот на жители со закон на десет милиони и задолжување за владата во иднина поригорозно да управува со миграцијата и, доколку е потребно, да ги раскине договорите за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската, евроскептична Швајцарска народна партија (SVP), која има две места во седумчлената влада и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden