Сириските медиуми известуваат дека бомбаш-самоубиец во Сирија се разнел во неделата во црква полна со верници, убивајќи најмалку девет лица. Експлозијата се случила во Дувајла, во предградијата на Дамаск, во моментот кога верниците се молеле во црквата „Св. Илија“ (Мар Илијас). Новинската агенција SANA, повикувајќи се на Министерството за здравство, јави дека уште најмалку 15 лица се повредени. Сириската опсерваторија ...
Read More »Свет
Израел го отвори воздушниот простор
Израел го отвори својот воздушен простор по повеќечасовното затворање поради американските напади врз нуклеарните постројки во Иран. Полетувањата и слетувањата на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив беа повторно дозволени од 14 часот, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт. Најголемата израелска авиокомпанија „Ел Ал“, исто така, објави на својата веб-страница дека летовите до Израел ќе ...
Read More »Вонреден состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига во Истанбул за Иран и Израел
Министрите за надворешни работи на Арапската лига одржаа вонреден состанок во Истанбул за ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, потврдија дипломатски извори. Состанокот беше организиран на маргините на 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), што ќе се одржи денеска во Истанбул, а беше затворен за јавноста и траеше околу еден ...
Read More »Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација, оценувајќи дека сега постои „растечки ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“. Во својот пост на платформата X, Гутереш истакна дека во овој момент е потребно да се избегне спирала ...
Read More »Путин: Русија ги претстави своите предлози за мир и до Иран и до Израел
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека добил ветување од Израел дека рускиот персонал во нуклеарната централа што неговата земја ја гради во Иран ќе биде безбеден, пренесе „Бета“. Тој, исто така, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека им се обратил и на Израел и на Иран за да ја прекинат нивната војна. Тој, исто така, ја предупреди ...
Read More »Иран и Израел разменија нови напади во текот на ноќта
Иран и Израел разменија нови напади преку ноќ, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да води мировни преговори, пренесоа агенциите. Два постројки за производство на центрифуги беа погодени во Иран, изјави израелски воен претставник. „Ројтерс“ објави дека неименуван функционер изјавил дека постројките се наоѓаат во ...
Read More »Канцеларијата за демократски институции и човекови права: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
Канцеларијата за демократски институции и човекови права денеска сооппшти дека повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот, а само во регионот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) престојуваат речиси 25 милиони луѓе кои се присилно раселени или се без државјанство. Поголемите заеднички напори и меѓународната соработка се клучни за зачувување на заштитата на бегалците, која ...
Read More »Главната болница во јужен Израел тешко оштетена во Ирански ракетен напад
Ирански проектил ја погодил главната болница во јужен Израел, при што има повредени и е причинета голема штета, кажа портпаролката на болницата. Се верува дека медицинскиот центар „Сорока“ во Бершева бил директно погоден. Иран испукал десетици проектили во последниот напад врз Израел, еден од најголемите од почетокот на конфликтот. Израелските итни служби објавија дека во нападот врз болницата има најмалку ...
Read More »Иранците не се предаваат, му одговори ајатолахот Али Кхаменеи на Трамп и им се закани на САД
Лидерот на Иранската исламска револуција, ајатолахот Али Кхаменеи, ги предупреди САД да не му се закануваат на Иран, нагласувајќи дека иранскиот народ ќе стои цврсто пред сè што му е наметнато. „Иранскиот народ стои цврсто против наметната војна, исто како што ќе стои цврсто против наметнатиот мир. Овој народ нема да попушти пред никого кога ќе се соочи со наметнување“, ...
Read More »Орбан: Мигрантите не се закана само за десницата, туку веќе стануваат политички фактор дури и за левицата
Поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан, учествувајќи во поткастот на Ноуфал. Орбан на деветти јуни беше гостин на Марио Ноуфал, водител на најголемата емисија на Х (порано Твитер), која има милиони гледачи неделно, лидер ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden