Македонскиот амбасадорот Марковски се сретна со новиот шпански амбасадор во Тирана

Во рамки на својата работна агенда Марковски остварува средби со многу свои колеги. Согласно правилата на протоколот, кои се однесуваат на вообичаеното дипломатско претставување на ново дојдените шефови на дипломатските мисии, во амбасадата на Македонија, амбасадорот Данчо Марковски го прими ново именуваниот амбасадор на Шпанија во Тирана, Алваро Ренедо, информираа од амбасадата.

Се додава дека разговорот бил искористен за меѓусебно запознавање и воспоставување колегијална соработка.

Ренедо е шпански дипломат од кариера, кој доаѓа од позиција директор на Одделот за европски прашања и Г20 во претседателството на Владата на Шпанија од 2016-2018 година. Бил генерален конзул на Шпанија во Алжир. Амбасадорот Марковски му посака добредојде и успешна работа, се наведува во објавата на амбасадата.

Во рамки на својата работна агенда Марковски остварува средби со многу свои колеги. Меѓу другото тој деновиве се сретна со американската амбасадорка Јури Ким, а вчера беше гостин на француската амбасадорка Елизабет Барсак

Advertisement