Македонското друштво „Илинден“-Тирана им го честиташе изборот на Османи и на Тола за админстратори на Требиште и Острени 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана од името на Македонците во Албанија го поздрави изборот на двајцата Македонци,Едмонд Османи и Алтин Тола за амдинистратори на административните единици Требиште, односно Острени, областа Голо Брдо. При тоа се искажува убеденост дека тие „доследно,одговорно и со успех“ ќе ја извршуваат оваа многу значајна функција.

Дозволете ми во мое и во име на македонското друштво „Илинден“, но, пред се сите Македонци во Албанија,да упатам срдечни и искрени честитки за вашиот избор на овие значајни функции,со убеденост во успешна реализација на вашите заложби. Веруваме дека заедно со соработниците ќе работите за подобрување на условите за живот, како и на правата и положбата на Македонците-жители во оваа област,-стои во честитката потпишана од претседателот на дрштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува целосна подршка и определба за добра соработка со друштвото,кое свој огранок има и во Голо Брдо, чиј претседател е Или Халилај. Со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала, а во согласност со Владата во Тирана, Едмонд Османи и Алтин Тола, се назначени за администратори на админстративните единици Требиште (со шест села) односно Острени (12 села).

Ова е одговорна функција, бидејќи сите надлежности околу функционирањето на администратвната единица се на администраторот. Просторно сме во објектите на поранешните општина, сите протории се функционални и се сместени службите за социјална заштита, урбанизам како и други служби, изјави Османи за Македонски весник „Илинден“ по назначувањето. Административните единици Требиште и Острени всушност се некогашните истоимени општини,кои беа укинати со законот за територијална поделба,а кои сега потпаѓаат под општина Булќиза.

Advertisement