
Претседател Илир Мета за време на посетата на општина Пустец во Албанија каде живее македонско малцинство најави триратерална соработка на Албанија, Македонија и Грција. Мета коментирајки ги односите на Скопје и Атина ја изнесе оценката дека очекува во текот на оваа календарска година подобрување и на односите на Македонија и Грција.
„Има место за оптимизам во односите на Македонија и Грција, што секако ефекти ќе има и во триратералната соработка на Албанија, Македонија и Грција, а од тоа најмногу ќе придобие регионот на Преспа“, рече албанскиот претседател. Претседателот на Албанија ја посети општината Пустац по повод празникот Свети Наум Охридски и од црквата во Пустец им го честиташе на Македонците верскиот празник Божик
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden