
Министерство за надворешни работи на Руска федерација повикува да биде прекинат надворешниот притисок врз Република Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во републиката сами да го определат натамошниот развојот на земјата, посочи руското МНР. „Во сегашнава ситуација може да биде најдено соодветно решение само преку внатрешно-македонски дијалог во рамките на уставно-правната област“, изјавија од руското МНР. „Неопходно е да биде прекинат секаков надворешен притисок и да им се овозможи на одговорните политички сили на Република Македонија сами да го одредат идниот развој на земјата”, се истакнува во реакцијата на руското МНР.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden