Tag Archives: Албанија

Македонските државјани од Нова година без зелен картон кон Албанија, Србија и Молдавија?

Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

Серија на земјотреси во Албанија, со слаб интензитет ја погодија југозападна Албанија во близината на Валона, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил утрово во 6:01 минута, а со послаб интензитет бил почувствуван и во југозападниот дел на земјава. Ова е еден од неколкуте земјотреси кои се случиле во тоа подрачје. Вториот и третиот беа со јачина од 3 и 2,3 степени, ...

Read More »

Албанските власти дозволија истоварување на контејнери со отровен отпад вратени од Тајланд

Брод што превезува  отровен индустриски отпад ќе може да се истовари на албанско пристаниште Драч, соопштија денеска властите откако му беше одбиен влезот во Тајланд и помина со месеци на море. Контејнерскиот брод „Молива“ кој плови под турско знаме, за кој се тврди дека превезувал 102 контејнери полни со отровен отпад, пристигна во водите во близина на пристаништето Драч пред ...

Read More »

Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија

Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација. Италијанската премиерка Џорџија Мелони предвиде два центри во Албанија да собираат до 3.000 мигранти ...

Read More »

Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го организираше семинарот за објавување на конечните резултати од Пописот на населението и домувањето во 2023 година на ниво на окрузи и општини. За време на семинарот, ИНСТАТ ги презентираше конечните податоци од Пописот на населението и домувањето во 2023 година, во согласност со календарот за објавување на институтот. Овие податоци вклучуваат важни информации за бројот ...

Read More »

Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030

Албанија се надева на придружување на Европската Унија до 2030 година, изјави премиерот на таа земја Еди Рама. Тој пред околу 2.000 поддржувачи во хотел во Солун вети дека бројни албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на следните избори кои ќе бидат одржани на пролет 2025 година. И покрај разните спорови со Грција, Рама кажа дека односите на ...

Read More »

Пописи на население 2023: По Тиранците, Дебарчаните се најголемата заедница во Тирана

Населението на Тирана достигна 598.176 жители на пописот во 2023 година, но најновите податоци покажуваат дека само 52% од нив (310 илјади) се родени во Тирана, а речиси половина од жителите се од други градови. Според деталните податоци на ИНСТАТ, Дебарчаните се најголемата заедница во главниот град по Тиранците, бидејќи 6,5% од населението во главниот град како родно место го ...

Read More »

Албанија на прво место во Европа по раст на туризмот, втора во светот по Катар

Светската туристичка организација на Обединетите нации го објави туристичкиот барометар за периодот јануари-јули 2024 година, во кој се потврдува дека Албанија е на прво место во Европа по зголемување на бројот на странски туристи, во однос на периодот пред пандемијата и на второ место во светот по Катар. Премиерот Еди Рама во објава на социјалните мрежи наведува дека „уште една ...

Read More »

Масакр во Скадар, најмалку три жртви во вооружен инцидент (ВИДЕО)

Вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност. Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при ...

Read More »

Опозицијата во Албанија го блокираше сообраќајот низ земјата

Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата барајќи актуелната влада да ја замени технократска привремена влада пред парламентарните избори следната година. Пратениците предводеа стотици поддржувачи на опозицијата на собирите на главниот влез во Тирана и на пет други главни крстосници низ земјата за да го блокираат сообраќајот. „Граѓанска блокада, денес или никогаш“, беше слоганот на сајтот на главната опозициска Демократска ...

Read More »