Tag Archives: Албанија

Одбиено барањето на Бериша да му се дозволи присуство на пленарни седници

Специјалниот апелациски суд во Тирана го одби барањето на лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен премиер Сали Бериша да учествува на пленарните седници. Бериша побара да може да го  напушти домот, каде што е во „куќен притвор“, за да присуствува како пратеник на седниците на Собранието, но попладнево судот објави дека барањето е одбиено. Неговиот адвокат ...

Read More »

ЕУ и САД побараа од албанските политичари функционален парламент што поскоро

Претставниците на ЕУ и на САД во Тирана, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните, а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“. Во функција на тоа, Дејвид Визнер, вршител на должноста во американската Амбасада, остварил средба со претседателката на Собранието ...

Read More »

Албанија ги укина визите за туристи од Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд

Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел да ...

Read More »

Бала: Дубаи повеќе нема да биде оаза за албанските криминалци, ќе потпишеме договор за екстрадиција

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека многу брзо меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати ќе биде потпишан договор за екстрадиција на лицата од светот на криминалот, албански државјани, кои се кријат во оваа земја, главно во Дубаи. Тој рече дека набрзо ќе престојува во Емиратите за да го конкретизира овој договор, предупредувајќи дека сите оние луѓе кои имаат ...

Read More »

Беспилотните летала „Бајрактар“ првиот лет на свеченото отворање на базата во Кучова

Трите вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, „ТБ2“ купени во Турција денеска го извршија својот прв лет на отворањето на воздухопловната база во Кучова „Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот прв лет на свеченото отворање на новата воздухопловна база на НАТО денеска во Кучова, ви посакувам добра недела“, пишува Рама.

Read More »

Реизбран првиот човек на албанската муслиманска заедница, пред седиштето протест со обвинувања дека се „ѓуленисти”

За поглавар на Албанската муслиманска заедница на денешната седница на Претседателството на заедницата е реизбран Бујар Спахиу, кој на оваа функција беше во изминатите пет години. За негов повторен избор гласале 82 од 92 членови на претседателството. Неговите противкандидати, Едуард Шефки и Емиријан Ветај, добиле по три гласа, додека четири ливчиња биле неважечки. Во заедницата веќе подолг период присутна е ...

Read More »

Експлозија две лица загинаа, седуммина се повредени, меѓу нив и народен пратеник во Албанија (ВИДЕО)

Во експлозија во магацин во Лушња две лица загинаа, а седум се повредени. Загинаа татко и син, а меѓу повредените е и пратеникот од социјалистите Бујар Чела. Експлозијата предизвикала штета и на околните згради, јавуваат албанските медиуми. Експлозијата најверојатно се случила кога камион со кран удрил во далновод. Повредените се пренесени во болница во Тирана.

Read More »

Започна имплементацијата на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа, Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC) на Албанија и Европската Унија, во Охрид официјално го означија почетокот на имплементацијата на  ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, преку која се обезбедени 13,79 милиони евра за проекти, за периодот до 2027 година. Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, ...

Read More »