Tag Archives: Албанија

Во Албанија останува полицискиот час, со исклучок на новогодишната ноќ

Албанскиот технички комитет за справување со пандемијата со Ковид-19, по направената анализа на епидемиолошката состојба во земјата, одлучи постојните антиковид мерки, меѓу нив и полицискиот час, кој е воведен во средината на ноември минатата година, да останат во сила и понатаму. Како што информираше Мира Ракацоли, претседателка на комитетот полицискиот час, останува и понатаму и тоа од 23 до 6 ...

Read More »

Албанија: Објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани

По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, денеска медиумите информираат за „нов скандал, кој е спротивен на Законот за заштита на личните податоци“. Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а ...

Read More »

Војската и полицијата на помош во справувањето со поплавите во Албанија

Се влошува состојбата со поплавите во Албанија. Илјадници хектари земјоделско земјиште се под вода, поплавени се куќи, евакурани цели семејства. На помош во справувањето со последиците од поплавите се армиските и полициски сили, како и медицински екипи со возила за брза помош. Посебно критична е состјбата по течението на реката Вјоса која е излезена од своето корито во повеќе населени ...

Read More »

Бериша одржува паралелно партиско собрание на Демократската партија

Екс претседателот и екс премиер на Албанија Сали Бериша денеска на денот на формирањето на Демократската партија на Албанија пред 31 година, на стадионот ,,Аир Албанија ,, одржува паралално Национално собрание на Демократската партија. На собрание на кое учествуваат околу 5ооо делагати , Бериша упати остри критики на адреса на американската амбасадорка во Тирана Јури Ким притоа нагласувајки дека ,, ...

Read More »

Албаниија од утре воведува забрана за влез на лица од земјите на Јужна Африка

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, денеска одлучи вакцинацијата, освен за здравствените, просветните и универзитетски работници и студенти, да биде задолжителна и за вработените во јавната администрација, во супермаркетите и трговските центри. Овие лица задолжително да се вакцинираат до 31 декември. По 4 јануари ним ќе им се бара вакцинален картон или потврда за негативен тест ...

Read More »

Силно невреме во Албанија, забранет е поморскиот сообраќај

Албанија ја зафати невреме проследено со обилен дожд, грмежи, силен ветер, град а во северните и источните делови и снег. Реките Шкумбин и Вјоса се излеаја од своите корита, поради одрони од камен има прекин на сообраќајот на повеќе патни правци а поради снег, освен во северниот дел на земјата, отежнат е сообраќајот и на денес отворениот автопат „Руга е ...

Read More »

Албанија отвори истрага за смртта на четворицата руски туристи

Албанското обвинителство денеска соопшти дека отворило истрага за убиството во хотелската сауна по повод смртта на четворица руски државјани. Четворица Руси, маж и жена, нивната ќерка и зет, беа пронајдени мртви на 15 октомври во хотел во селото Ќерет, на 50 километри од Тирана. Првично се мислеше дека починале од задушување, но околностите беа неразјаснети и официјалниот судски извештај не беше ...

Read More »

Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини

Албанскиот Парламент, на денешната пленарна седница, го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини меѓу Македонија и Албанија. Албанија и Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора, рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи во своето обраќање во Собранието. Тој додаде дека на сите шест гранични премини ќе има ...

Read More »

Се разжестува конфликтот меѓу Љуљзим Баша и поранешниот партиски лидер Сали Бериша

Се заострува реториката меѓу актуелниот лидер на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша и историскиот лидер Сали Бериша, која преминува во тешки меѓусебни обвинувања, јави дописничката на МИА од Тирана. Нетрпението почна откако Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Јури Ким, поради прогласувањето персона нон грата од страна на САД на целото семејство Бериша. Тоа ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Тирана

Албанија рано утринава беше потресена од земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југозападно од Тирана, на длабочина од 10 километри, земјотресот не предизвикал материјална штета.

Read More »