Tag Archives: Германија

Меркел освои четврти мандат, десничарската АфД првпат влезе во германскиот парламент

  Конзервативците и социјалдемократите од парламентарните избори излегоа со големи загуби во однос на последниот изборен циклус. Ангела Меркел останува канцелар, но ќе има тешка задача да формира влада. Ангела Меркел останува германски канцелар, но денеска одржаните парламентарни избори им зададоа сериозен удар на двете водечки политички партии – конзервативната ЦДУ/ЦСУ и СПД. Партијата на Меркел загуби над 8 проценти ...

Read More »

Македонскиот ракометар Стевче Ангелковски го носеше Алфелд до прва победа

Македонскиот интернационалец Стевче Ангелковски беше клучна фигура во неговиот тим Алфлед, кој ја забележа првата победа во новата сезона. Алфелд по два порази, во третиот натпревар конечно славеше, на гости кај тимот на ХСЦ Хановер со 25:28. Како и претходниот натпревар, така и на овој, поранешниот среден бек на Пелистер, беше најдобар стрелец во неговиот тим и постигна 9 голови.

Read More »

Македонскиот ракометен репрезентативец Нелоски потпише со второлигашот Кобург од Германија

Македонскиот ракометен репрезентативец, Марко Нелоски по долгите преговори, успеа да го напушти Металург и да потпише со неговиот нов клуб, второлигашот од Германија, Кобург 2000. Нелоски успеа да добие исписница од ,,сините”, благодарение на намаленото обесштетување за негов излез од клубот. Репрезентативецот подолго време сметаше дека треба да настапува надвор од Македонија и во новиот клуб е најавен како големо ...

Read More »

Турски разузнавачи бараат азил во Германија

Високопозиционирани турски полициски службеници и вработени во разузнавањето побарале азил во Германија, пишува весникот „Велт“ во своето електронско издание. Турски службеник задолжен за координација меѓу Федералната полициска служба и полициските структури во Турција, поднел молба за азил во провинцијата Хесен, пишува „Велт“ и додава дека заради заштита на личните податоци нема да дава детални информации за тие молби. Турската разузнавачка ...

Read More »

Еуровингс ќе лета на линијата Скопје–Минхен

Од 31 октомври, нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“, членка на групацијата Луфтханза, ќе отвори нова линија Скопје–Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен, соопштија од ТАВ Македонија. Како што најавија официјалните претставници на авиокомпанијата, најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39.99 евра, а рутата ќе ги поврзува македонските граѓани и сите патници на скопскиот аеродром ...

Read More »

Поплавите го парализира животот во Германија

Обилните врнежи од дожд во Долна Саксонија, Саксонија Анхалт и Туринген предизвикаа поплави на улиците, железничките станици и зградите. Мајкл Веинрих, градоначалник на општина Гослар во Долна Саксонија изјави дека во градот е прогласена алармантна состојба и дека е активиран центарот за контрола на катастрофални состојби. „Ситуацијата е многу сериозна“ додаде  Веинрих. Како што соопшти полицијата на Гифхорн целосно биле евакуирани ...

Read More »

Во Германија основана фирма во 1856 година од охриѓанецот Кецкаров

Сотир Христов Кецкаров (гер.: Sotir Johann Keskari) е борец за возобновување на Охридската архиепископија во Македонија и голем македонски трговец од XIX век. Поради својата верска и политичка активност е заточен во Света Гора од каде бега во Саксонија. Во 1856 година станува граѓанин на Лајпциг, а истата година отвора фирма која егзистира до денес. Сотир потекнува од старо кожарско ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана дел од XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата од европа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на XX-тиот ФУЕН семинар на словенските малцинствата од европа што се одржава од 22.06.25.06.2017 година во Бауцен, Германија преставено од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Организатор на семинарот е Домовина – федерација на Лусијански Сорби членка на ФУЕН. Семинарот се одржува меѓувреме со  XII. Меѓународен фолклорен фестивал, фолклорниот фестивалот рекламира културното наследсво на малцинства во ...

Read More »

Началникот на ГШ на АРМ на конференција за партнерски програми

Началникот на ГШ на Армијата на Република  Македонија, генерал потполковник  Методија Величковски учествува на конференција за партнерски програми во организација на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (ЕУКОМ) која се одржува денес во Гармиш Партенкирхен, Германија. На конференцијата влијателни воени раководители од американската армија, националните гарди од 22 држави на САД и армиите на земјите партнери ...

Read More »

Германија подготви „Маршалов план“ за Западен Балкан

Германија подготви мини „Маршалов план“ за Западниот Балкан за развој на економиите во регионот, за да се надомести долгото чекање на полноправно членство во Европската унија. За овој предлог набрзо треба да се решава во Брисел, а средствата за негова реализација треба да ги одобрат Европската економска зона и Европската асоцијација за слободна трговија. За Германија Западниот Балкан има и ...

Read More »