Пратеничката на Либералната партија во Бундестагот Рената Алт ја повика владата во Берлин да влијае врз Софија за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ. Таа бара укинување на принципот на едногласност во ЕУ, пренесува „Дојче веле“. Бугарија го користи членството во ЕУ како средство за притисок врз Македонија и го торпедира процесот на проширување на Унијата, вели пратеничката на Либералната партија ...
Read More »Tag Archives: Германија
Со деветгодишно задоцнување, во Берлин е отворен новиот аеродром (ВИДЕО)
По деветгодишно задоцнување и далеку над првично планираниот буџет, денеска, по мала церемонија и со само неколку патници, среде епидемијата на коронавирусот конечно беше отворен новиот аеродром „Вили Брант“ во Берлин. Изградбата на новиот аеродром во Берлин почна во 2006 година и работите првично се планираа да завршат во 2011 година, но оттогаш отварањето беше одложено шест пати. Изградбата на ...
Read More »Во Германија запленети 250 пиштоли од симпатизер на екстремната десница
Германската полиција денеска соопшти дека запленила околу 250 парчиња огнено оружје и неколку илјади куршуми од човек за кој се претпоставува дека е симпатизер на крајната десница. Полицијата во северозападната држава Долна Саксонија соопшти дека оружјето е пронајдено во областа јужно од Хамбург, при синоќешниот претрес. Во полициското соопштение се наведува дека истражителите сметаат дека човекот има десничарски симпатии „поради ...
Read More »Најголем пад на вработеноста во Германија од обединувањето
Германија во вториот квартал од годината забележа најголем пад на вработеноста, по обединувањето на двете Германии. Според Заводот за статистика, во вториот квартал во земјата биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста опаднала за 618.000 работни места или за 1,4 процент.
Read More »Германија воведува задолжителни тестови за тие што се враќаат во земјата
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области. Сакаме добро да се искоординираме со сите германски покраини, кои мораат да воведат задолжително тестирање на аеродромите и железничките станици, посочи Шпан. Тој додаде дека задолжителното тестирање ќе почне во текот на неделата.
Read More »Германска донација од 152.000 евра за неколку болници во Македонија
Германската амбасадорка во државава Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница Борка Талески Прилеп, и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Македонија при справување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје. Оттаму информираат ...
Read More »Фолксваген е најзадолжената компанија во светот
Според најновите студии за време на кои се истражуваше бизнисот на околу 900 компании, германскиот Фолксваген е најголем задолжен. Според најновите истражувања, германската компанија Фолксваген должи околу 192 милијарди долари, што е повеќе од многу земји, како Унгарија (101,9 милијарди) или Јужна Африка (180 милијарди) како што е наведено во текстот. Се разбира, не е само Фолксваген на врвот на ...
Read More »Во Германија секоја петта компанија се плаши дека ќе пропаднe
Во Германија секоја петта компанија се плаши дека ќе пропадне. Информацијата ја објави престижниот Институт Ифо со седиште во Минхен, а стравот е присутен поради пандемијата. Страв од затворање постои во секторот услуги, каде што 27 проценти од претприемачите оценуваат дека нивниот понатамошен бизнис е под голем прашалник, пренесува Сеебиз.еу. Во услужниот сектор, најнесигурни се тур-операторите (85 проценти од испитаниците), хотелите (76 ...
Read More »Германија за годинава планира рекордно задолжување
Германија ќе позајми рекордни 217,8 милијарди евра оваа година за финансирање на мерките за намалување на последиците од корона кризата, според новиот ребаланс на буџетот, усвоен денеска од парламентот. Владата ќе ги искористи парите за финансирање на мерките за поддршка на потрошувачите и на компаниите во наредните месеци за да го поддржи очекуваното постепено закрепнување на економијата од корона кризата. ...
Read More »Германски безбедносни служби предупредуваат на закана од десничарски екстремизам
Десничарскиот екстремизам во моментов е најголемата закана за германската безбедност“, тврдат раководителите на трите најважни безбедносни служби во Германија кои им укажаа за безбедносната состојба во земјата на членовите на германскиот Парламент, јави Дојче веле на англиски јазик. Шефот на германската агенција за надворешно разузнавање (БНД), Бруно Кал, изјави дека „пандемијата на коронавирусот е стрес-тест за политичарите и предупреди дека ...
Read More »