Tag Archives: Германија

Аеродромите во Германија утре штрајкуваат, најголем хаос се очекува во Франкфурт

Работничките протести во Германија утре ќе се прошират на некои големи аеродроми, вклучувајќи го и најпрометниот во Франкфурт, откако синдикатот Верди повика на штрајк на персоналот за обезбедување на аеродромите за да се зголеми притисокот врз германската влада за време на преговорите за платите. „Безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе бидат затворени и затоа патниците нема да можат ...

Read More »

Шолц предупредува дека радикалната десница сака да протерува имигранти од Германија

„Нема да дозволиме дозволиме поделби во нашата земја врз основа на тоа дали некој има историја на имиграција или не“, продолжи Шолц, додавајќи дека германската држава ќе ги заштити сите без разлика на потеклото или бојата на кожата Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска остро ги осуди плановите на радикално десничарските екстремисти за протерување на имигрантите од Германија, велејќи дека никој ...

Read More »

Министерот за одбрана: Германија мора да биде подготвена за можна војна во Европа

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус предупреди дека „може да има закана од војна во Европа“ додека го бранеше одговорот на неговата администрација на новите закани, вклучувајќи ја руската агресија и војната на Блискиот Исток. Говорејќи за германскиот радиодифузер ЗДФ, Борис Писториус, член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, рече дека нациите како Германија ќе мора да ја зголемат ...

Read More »

Германија со остри мерки против одбиените азиланти- побргу ќе ги протерува

Германската Влада има намера да го интензивира протерувањето на луѓето кои немаат право да останат во Германија, е соопштено по владиниот состанок во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа рече дека протерувањето на оние кои немаат право на престој во ...

Read More »

Германската економија стагнираше во вториот квартал

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во вториот квартал годинава остана непроменет во однос на првиот, но во однос на истиот период лани, според сезонски прилагодените податоци, е намален за 0,2 отсто, објави државниот завод за статистика Дестатис. По слабиот зимски период, личната потрошувачка се стабилизираше во вториот квартал. Иако најголемата европска економија излезе од рецесија, резултатот – ова е ...

Read More »

Германската економија влезе во рецесија

Германската економија благо се намали во првиот квартал и падна во рецесија, покажаа во четвртокот ревидираните проценки на заводот за статистика, откривајќи силен инфлаторен притисок врз личната потрошувачка. Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) падна во првите три месеци од оваа година за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал кога се намали за 0,5 отсто, покажуваат новите проценки ...

Read More »

Во Германија седум регионални и малцински јазици се под посебна заштита

Весници, радио и телевизиски емисии, дури и сопствени училишта и образование – признатите национални малцинства во Германија се обидуваат да ги одржат во живот своите разнолики јазици. Во Германија има вкупно четири признати малцинства: данското малцинство, Фризијците, германските Синти и Роми и Лужичките Срби. Тие зборуваат шест малцински јазици. Во Германија под заштита е и регионалниот јазик „платдојч“ (или долногермански/долносаксонски јазик, дијалект од северна Германија). ...

Read More »

Масакр во Хамбург седум лица убиени во храм на Јеховини сведоци (ВИДЕО)

Седум луѓе се убиени, а повеќе од 20 се повредени, во масовно пукање вечерва во храм на Јеховини сведоци во Хамбург. Според германските медиуми напаѓачите го напуштиле местото по пукањето и се вдале во бегство. На граѓаните што живеат во околните згради им е наредено да не ги напуштаат, а полицијата порача да се избегнува овој реон. „Веднаш заослнете се ...

Read More »

Германија: Двајца мртви и седум повредени во напад со нож во воз

Германската полиција го уапси лицете кое прободе повеќе луѓе во регионален воз на северот на земјата. Две лица им подлегнаа на повредите, а седуммина се повредени. Маж на возраст меѓу 20 и 30 години е уапсен на железничката станица како осомничен за нападот со нож врз патници во регионален воз во Германија. Мотивите за нападот, засега, се нејасни. Полициски извори за агенцијата ...

Read More »