Tag Archives: Германија

Во Германија секоја петта компанија се плаши дека ќе пропаднe

Во Германија секоја петта компанија се плаши дека ќе пропадне. Информацијата ја објави престижниот Институт Ифо со седиште во Минхен, а стравот е присутен поради пандемијата. Страв од затворање постои во секторот услуги, каде што 27 проценти од претприемачите оценуваат дека нивниот понатамошен бизнис е под голем прашалник, пренесува Сеебиз.еу. Во услужниот сектор, најнесигурни се тур-операторите (85 проценти од испитаниците), хотелите (76 ...

Read More »

Германија за годинава планира рекордно задолжување

Германија ќе позајми рекордни 217,8 милијарди евра оваа година за финансирање на мерките за намалување на последиците од корона кризата, според новиот ребаланс на буџетот, усвоен денеска од парламентот. Владата ќе ги искористи парите за финансирање на мерките за поддршка на потрошувачите и на компаниите во наредните месеци за да го поддржи очекуваното постепено закрепнување на економијата од корона кризата. ...

Read More »

Германски безбедносни служби предупредуваат на закана од десничарски екстремизам

Десничарскиот екстремизам во моментов е најголемата закана за германската безбедност“, тврдат раководителите на трите најважни безбедносни служби во Германија кои им укажаа за безбедносната состојба во земјата на членовите на германскиот Парламент, јави Дојче веле на англиски јазик. Шефот на германската агенција за надворешно разузнавање (БНД), Бруно Кал, изјави дека „пандемијата на коронавирусот е стрес-тест за политичарите и предупреди дека ...

Read More »

Германската полиција разби криминална група за шверц со луѓе

Германската полиција изутринава започна акција во Берлин против меѓународна криминална група, која е специјализирана за шверц со луѓе. Полицијата изврши претрес во вкупно 11 објекти и издаде налог за апсење на еден албански државјанин, соопшти портпарол на полицијата. Во станот на осомничениот биле откриени четири лица, за кои постои сомнеж дека се жртви на шверц со луѓе. Исто така, пронајдени ...

Read More »

Трамп со критики кон Германија поради долгови кон НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми. Трамп повтори дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија. Од Германија веќе со години недостигаат уплати и таа должи милијарди долари на НАТО и тоа мора да го платат, порача Трамп на состанокот во Белата ...

Read More »

Мас: Наскоро ќе го повлечеме предупредувањето за патување за земји надвор од ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека постои можност Германија следната недела да го повлече патничкото предупредување за земјите надвор од ЕУ. „Не би исклучил во моментот дека ќе има и други земји за кои ќе можеме да ги повлечеме предупредувањата за патувања“, изјави Мас. Според него, одлуката ќе зависи од состојбата со коронавирусот во тие земји. Тој ...

Read More »

На Германија и се заканува банкрот

Три месеци без работа и без приходи – кризата со коронавирусот соочи голем број Германци со големи финансиски тешкотии. Експертите очекуваат бран банкротства. Невработеноста вртоглаво се зголемува. Многу Германци сега сфаќаат колку е сериозна нивната финансиска состојба. Поради кризата со коронавирусот, многумина ги загубија своите работни места или работат со скратено работно време, а долговите се акумулираат. Неодамна беа објавени ...

Read More »

Германија службено известена за повлекување на американските војници

Германската влада соопшти во средата дека добила службено известување за планираното делумно повлекување на американските војници стационирани во земјата. „Сојузната влада е изестена дека американската администрација разгледува намалување на пристуството на американските вооружени сили во Германија. Колку што ни е познато, не е донесена конечна одлука“, изјави за новинарите во Берлин, заменичката портпарол на германската влада, Улрике Демер. Нејзината изјава ...

Read More »

Корона-кризата ја турна Германија во рецесија

Воведениот „карантин“ во средината на март предизвика БДП во првиот квартал да се намали за 2,2 проценти. Во вториот квартал се очекува уште поголем пад на економијата, зашто тогаш беа воведени најголеми рестрикции. „Ова е најсилното назадување по глобалната финансиска и економска криза во 2008/2009 година и втор по големина пад по германското обединување”, изјави Алберт Бракман од Германската служба ...

Read More »

Германска полиција спроведе операција против арапски криминален клан

Полицијата на Берлин во четвртокот спровеле претреси во неколку објекти кои се поврзауваат со организиран криминал на еден арапски клан, соопштија властите на германската престолнина. „Претресот е спроведен поради сомневања за сторени кривични дела при илегално тргување со дроги и нелегално поседување оружје“, соопшти полицијата во Берлин за акцијата во којашто учествувале околу 200 припадници на полицијата. Операцијата е насочена ...

Read More »