Tag Archives: Македонија

Македонија депозитар на трите меѓународни договори потпишани во рамките на Берлинскиот процес

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими трите договори потпишани во рамките на самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември од страна на шесте држави од Западен Балкан за кои Македонија е одредена како нивен депозитар. Оригиналните документи беа предадени од страна на Сузане Шуц, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во германското Министерство за ...

Read More »

Владите на Македонија и Албанија потпишаа 21 договори и меморандуми за унапредување на билатералната соработка (ВИДЕО)

Во рамки на денешната меѓувладина седница на Македонија и Албанија, ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми кои се однесуваат на повеќе области. На потпишувањето присуствуваа премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија Еди Рама. Премиерите посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување ...

Read More »

55 години од збратимувањето на градовите Скопје – Дрезден

На 6 ноември 1967 година во Дрезден е потпишан договорот за збратимување на градот со град Скопје. Со тоа македонскиот главен град стана четвртиот збратимен град со Дрезден, по Санкт Петербург, Ковентри и Бреслау. Повеќе од 50 години подоцна, ова партнерство сè уште постои. Појдовна точка на оваа врска беше трагичен настан што го погоди македонскиот главен град во летото ...

Read More »

Советот на ЕУ го одобри потпишувањето на договор за Фронтекс со Македонија

Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај ...

Read More »

Советодавниот комитет од Стразбур: Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на малцинствата

Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но практичното спроведување на правата мора да се подобри, вели Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во новото мислење објавено денеска, јави дописникот на МИА од Стразбур. Властите на Македонија продолжуваат да ...

Read More »

Македонија и Албанија одржаа скрининг состанок со Евростат за поглавјето Статистика

Делегации од Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку првите меѓувладини конференции со секоја од земјите. Следната фаза за двете ...

Read More »

Во Тирана потпишан Меморандум за соработка меѓу Советот на Амбасадори во Македонија и на Албанија

Делегација на Совет на Амбасадори во состав Нано Ружин претседател, Мухамед Халили и Азис Положани, членови на Извршен Одбор, вчера во Тирана беше примена од претседателот на Советот на албанските амбасадори Бесник Мустафај и раководниот борд на Советот. На средбата била дискутирана и усвоена рамката на идната соработка меѓу двата совета, како и воспоставување на соработката со други слични невладини ...

Read More »

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во посета на Македонија

  На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти прес-службата на Кабинетот напретседателот, Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу ...

Read More »

31 година од прогласувањето независна држава Македонија

На 8 септември во 1991 година, односно пред 31 години, во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со ...

Read More »

Изјава на Претседателот на Македонија по одржувањето на 17-та седница на Советот за безбедност (ВИДЕО)

Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Македонија и мерки за нејзино надминување. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, ...

Read More »