Делегации од Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку првите меѓувладини конференции со секоја од земјите. Следната фаза за двете ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Во Тирана потпишан Меморандум за соработка меѓу Советот на Амбасадори во Македонија и на Албанија
Делегација на Совет на Амбасадори во состав Нано Ружин претседател, Мухамед Халили и Азис Положани, членови на Извршен Одбор, вчера во Тирана беше примена од претседателот на Советот на албанските амбасадори Бесник Мустафај и раководниот борд на Советот. На средбата била дискутирана и усвоена рамката на идната соработка меѓу двата совета, како и воспоставување на соработката со други слични невладини ...
Read More »Италијанскиот претседател Серџо Матарела во посета на Македонија
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти прес-службата на Кабинетот напретседателот, Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу ...
Read More »31 година од прогласувањето независна држава Македонија
На 8 септември во 1991 година, односно пред 31 години, во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со ...
Read More »Изјава на Претседателот на Македонија по одржувањето на 17-та седница на Советот за безбедност (ВИДЕО)
Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Македонија и мерки за нејзино надминување. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, ...
Read More »Македонија: Силно невреме со пороен дожд и град попладнево го погоди Скопје (ВИДЕО)
Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Дел од медиумите пренесуваат за пријавени штети на станбени објекти како и на урбаната инфраструктура. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, ...
Read More »Ковачевски: Македонците во Албанија треба слободно да се изјаснат на пописот и да не подлегнуваат на притисоци (ВИДЕО)
Македонците во Албанија не треба да чувствуваат притисок и слободно треба да се изразат на претстојниот попис во земјата, смета премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека е сигурен дека Албанија ќе спроведе попис по европски стандарди и дека ќе реагира доколку има притисоци и влијаниа врз македонското малцинство. Што се однесува до Македонците во Албанија, тоа е етаблирана заедница која има ...
Read More »Османи: Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил посочи дека почнувајќи од 1-ви јануари, па во следните 12 месеци, Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ. „Дали знаевте дека ОБСЕ е најголемата безбедносна организација во светот со 57 држави кои претставуваат 1,3 милијарди луѓе на три континенти. Почнувајќи од 1 јануари, во следните 12 месеци, Македонија ќе го ...
Read More »Стотина македонски научници ги отфрлаат препораките на мешовитата комисија
По повод „препораките за заедничко одбележување на историски личности“ на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, македонски научници и истражувачи упатија заедничка изјава, што во продолжение ја пренесуваме интегрално. Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската ...
Read More »Македонија: Од 1 јануари уверението за државјанство и барање за пасош и лична карта по електронски пат
Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање лична карта и пасош, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи. Тој образложи дека усвоените ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden