Tag Archives: Македонија

Македонија влезе во историјата. Прв чекор кон Европското фудбалско првенство благодарение на Пандев

12. ноември 2020 Тбилиси-Скопје-Милано Ова е насловот објавен во најтиражниот италијански весник La Gazzetta dello Sport од Милано, воедно и еден од најстарите спортски весници во Европа и светот по повод историскиот меч и победата на Македонија против Грузија одигран вечерва на стадионот во грузиската престолнина Тбилиси. Македонската национална телевизија (МТВ) вршеше директен пренос на мечот, а настанот од Тбилиси ...

Read More »

Армијата стави на располагање воено-санитетски возила за побрз транспорт на пациентите од Ковид-19

Пет болнички возила на Армијата од денеска и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови. Министерот Венко Филипче, кој денеска заедно со министерката за ...

Read More »

Македонија воведува економски советници во дипломатските претставништва 

  МНР во офанзива за привлекување на инвестиции, промоција на државата и развивање на трговијата и извозот. Се воведува нова категорија – еконмски советници кои ќе работат исклучиво на подобрување на трговијата, извозот и промоција на државата за привлекување на туристи и тие ќе бидат новиот персонал во дипломатските претставништва на Македонија. Советниците ќе се бираат од постоечкиот кадар во ...

Read More »

Скопје ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање

Од денес, во рамки на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар пуштени се во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки поставени на седум локации на територија на Општина Центар. Првите 7 машини за рециклирање се поставени пред бараките на Општина Центар, кај слаткарница Апче, кај монтажната гаража „Буњаковец“, во ...

Read More »

Објавен е третиот повик од ИПА2 за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Отворен е третиот повик од ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, Инструментот на Европската Унија во вредност од 4,930,000.00 евра. Повикот има три приоритетни области: 1. Делот на туризамот, културното и природното наследство; 2. Економија и тоа: конкуренција, бизнис, трговија и инвестиции 3. Екологија: заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и менаџирање на ризици. ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана побара од премиерот Заев да се заложи одлуката за преминот Џепиште – Требиште што поитно да се спроведе 

Македонското друштво „Илинден“ -Тирана, испрати барање до премиерот на Македонија, Зоран Заев, да се заложи што е можно поитно граничниот премин Џепиште – Требиште, кај Дебар да премине во премин од регионален карактер, кој ќе функционира 24 часа. Друштвото потсетува дека граничниот премин Требиште-Џепиште, кај Дебар, кој беше отворен во 2013 година, е од локален карактер, со заедничка албанско-македонска полициска ...

Read More »

10 тони помош за Македонија од Обединетите Арапски Емирати

На скопскиот аеродром слета авион со 10 тони хуманитарна помош од Обединетите Арапски Емирати за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот. Македонија доби речиси 1.500 пакети медицинска опрема за заштита на медицинскиот персонал. Вредноста на помошта е повеќе од 1,5 милиони евра. Помошта е во рамките на програмата на Емират еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на ...

Read More »

Македонија, Албанија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во услови на ковид-19

Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на ковид-19 криза. Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите и без ...

Read More »

Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија

Црвено жолтите попладнево на гостувањето во Шафхаузен го совлада домаќинот Швајцарија со 25-23 и обезбедија важен триумф во битката за второто место во групата кое води на Еврошампионатот во 2022. Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч. По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците ...

Read More »

Бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 11 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора), средношколецот од Пробиштип Драго Јакимовски освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски доби награда за успешно учество (пофалница) на Втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија. Меѓународниот напревар по ...

Read More »