Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи. ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонија: Од утре почнуваат со работа македонските аеродроми
Аеродромите во Скопје и Охрид од утре ќе бидат отворени, според строго утврдени критериуми и протоколите за заштита од Ковид-19. Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација. Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и ...
Read More »Македонија: Границите од петок целосно се отвораат, без тест, изолација или карантин
Македонија ги отвара границите. Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила. Нема да биде потребно приложување на ПЦР тестови, и нема да има упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, информира ...
Read More »Битката треба да ја бијат политичарите
Мислењето на одделни академици дека политичарите требало да застанат зад научниците е груба замена на тезите. Имено, најсилното оружје на научниците се неоспорните факти и аргументи и ним не им е потребна поддршка од политичарите, освен материјални услови за работа, кои, за жал, многу малку ги добиваат од државата. Напротив, политичарите се тие на кои им треба поддршка од научниците, ...
Read More »Фрлена експлозивна направа во пекара на потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски
Околу 3 часот наутро во малата продавничка на главната улица во Ѓорче Петров фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Ваква информација на социјалните мрежи објави Владо Мисајловски, носител на листа и кандидат за пратеник во втората изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој додаде дека станува збор за бизнис кој неговото семејство го работи со децении. ...
Read More »Информации за COVID-19 за македонските граѓани кои планираат да патуваат во странство
Информации за COVID-19 Телефонски броеви во Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи: 075 27 37 32 (редовна линија, Viber, WhatsApp) 071 25 34 30 (редовна линија, Viber, WhatsApp) 072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp) 075 44 66 47 (редовна линија) Совети за патување во странство Советите за патувања се извор на информации за граѓаните кои патуваат во други земји. Овие совети ќе ви ...
Read More »Излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик
Во издание на „Хаемус“ излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик. Автор на ова најново издание на „Хаемус“ е Василка Димитровска. Водичот дава хронолошки преглед на средновековните цркви и манастири во скопскиот регион, групирани по географски целини: околу Водно, Матка и на Скопска Црна Гора. Опфатени се информации за 14 позначајни објекти во однос на нивната архитектура и ...
Read More »Македонија: Потпишан кодекс за фер и демократски избори (ВИДЕО)
Со апели за безбедна кампања и гласање, партиите во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори на 15 јули.Велат големи митинзи и собирања нема да организираат заради заштита од Ковид-19, ќе ги намалат теренските активности, а гласовите од граѓаните ќе ги бараат на поинаков начин, со кампања преку медиумите. И додека поголемите партии се убедени во ...
Read More »Печалбарите носат милиони евра во Македонија, Владата ќе ја разгледа можноста за укинување на 14-дневната изолација
14-дневната самоизолација на која мора да се согласат сите државјани на Македонија кои доаѓаат од странство, се пречка за доаѓањето на печалбарите. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека Владата ќе се разгледа можноста за укинување на оваа мерка за лицата кои приложат негативен ПЦР тест за Ковид-19. „Ние ќе ја разгледаме повторно оваа одлука која ја усвоивме, а е ...
Read More »Кина донира 300 прехранбени пакети за социјално загрозени граѓани во Македонија
Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам, се сретна со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо. „На средбата беа дискутирани проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница, воедно беа презентирани и идните активности во чии рамки можна е поддршката од оваа пријателска земја. Како резултат на добрата соработка, денес со финансиска поддршка од Нaродна ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden