Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот и 8 ми март, Меѓународен ден на жената. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од албанската влада Комитетот за национални малцинства да прерасне во Агенција
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, бара од албанската влада досегашното тело Комитет за национални малцинства, од консултативно тело на владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача ...
Read More »Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до фамилијата на Фотe Никола
По смртта на еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Република Албанија, Фоте Никола, телеграма со сочувство до семејството испрати, Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Tirana со длабока тага го доби вест за смртта на Фото Никола истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Република Албанија. Дозволете ми, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ...
Read More »ФУЕН и Централниот Совет на Македонците во Германија ја честитаа 15-годишнината од формирањето на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана
По повод одбележувањето на 15-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво “Илинден”-Тирана доби честитки од асоцијации со кои има плодна соработка. Во повеќето честитки е и онаа на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, каде друштвото е полноправна членка. Среќен роденден на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, организација членка на ФУЕН. Формирано е пред 15 години со цел да го заштити и афирмира ...
Read More »Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод петнаесетгодишнината
Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод петнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...
Read More »Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај им врачи благодарници” Илинден” на Живко Лазаров, Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Латцен
Со одлука на раководството на друштвото, по повод 15 – годишнината од формирањето на друштвото на г-дин Живко Лазаров, Претседател на Македонски клуб “Илинден” во Латцен-Хановер му се додели Благодарница “Илинден”. Денеска ми беше чест во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им предадам Благодарница “Илинден” на Живко Лазаров, Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Латцен-Хановер. Во 2012 година Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонски ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана со остра осуда за инсистирањето на бугарскиот претседател Румен Радев, кој во областа Гора бара од косовските власти да признаат Бугари на Косово во предели каде живеат Македонци
Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, многупати досега се заслага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ! Нивната самосвест е ...
Read More »Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Стара нова година 2024 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга донираа пакетчиња за деца во Требиште, Голо Брдо
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и огранокот во Голо Брдо во соработка со Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје, Македонија се реализираше заедничка донација во Требиште областа Голо Брдо. Посебно здоволство е што за Македончињата во Требиште во областа Голо Брдо се донираа 50 новогодишни пакетчиња во соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2024
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2024, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! Ви благодариме за досегашната соработка. Ви посакуваме радосни и среќни Божикни празници и среќна и успешна Нова година. – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden