Tag Archives: Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Иннтервју за Радио Слободна Европа: Ѓурѓај се очекува Македонците масовно да гласаат на изборите во Албанија

„Во Албанија историски е докажано дека никогаш немамо ниту има бугарско малцинство. Со притисоци врз албанските власти Бугарија се обидува во Албанија да создаде бугарско малцинство и покрај тоа што се знае дека во Република Албанија живеат Македонци“. Ова за Радио Слободна Европа го изјави политичкиот аналитичар од Тирана Никола Ѓурѓај, кој воедно е и главниот уредник на македонскиот весник ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздрави говорот на Стерјовски на македонски јазик во Собранието на Република Албанија 

Македонско друштво „Илинден“-Tирана го поздравија говорот на македонски јазик на пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија. Од името на сите Македонци го поздравуваме кусото по текст обраќање на Стерјовски, но од огромно значење, кое претставува еден историски момент за македонското малцинство во Албанија. Посакуваме да биде пракса и во иднина. Воедно, ја ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонско национално малциство во Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, упатува јавен повик до Македонско национално малциство во Република Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија, што се спроведува во периодот од 1 март – 21 април 2021година. Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страници: https://census.stat.gov.mk/mk/

Read More »

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај му го честиташе изборот на Адем Хоџа за пратеник во косовскиот парламент

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, упати честитка до лидерот на „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа, за неговиот избор за пратеник во новиот косовски законодавен дом. Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана, и во име на македонското национално малциство во Албанија да Ви го честитам изборот за пратеник во косовското собрание. Ви ...

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: За фолклорниот фестивал на Македонците нема пари од албанското министерство за култура

Македонско друштво „Илинден“-Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Длабоко сме разочари и револтирани што Министертвото за култура на Албанија, не го прифати проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“ предложен од наша страна. Од име на Македонците остро реагираме за ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден”-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“ 

Македонско друштво „Илинден”-Тирана искажувајќи подршка за „Единствена горанска партија“ на предвремените парламентарни избори во Косово што ќе се одржат на 14 следниот месец. Во исто време друштвото ги повикува Македонците и другите жители од областа Гора масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас за кандидатската листа на оваа партија,со што ќе обебзедат свој пратеник во новиот ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2021

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да ...

Read More »