Tag Archives: Македонци во Албанија

Битката за македонштината мора да се бие и во Албанија

Но, зошто е важно Македонците да бидат застапени во албанскиот парламент токму сега? Парламентарните избори што ќе се одржат во Албанија на 11. Мај според тамошниот изборен модел не ветуваат дека македонското малцинство може да обезбеди пратенички мандат, со самостоен настап. Оттаму одлуката на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) да коалицира со владеачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама ...

Read More »

Никола Ѓурѓај за lokalno.mk: За време на пописот во Албанија цела Бугарска влада беше активна и вршеше уцени врз Македонците

За време на пописот целата влада на Бугарија беше активна и се мешаше во пописот во Република Албанија. Тоа е факт.  Иако на последниве 11 пописи ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принуди Република Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство изјави за Локално Ѓурѓај. За време на пописот во Албанија ...

Read More »

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија освари средба со преставници на Македонците во Албанија

Македонската делегација предводено од Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Игор Здравковски и членот на Комисијата, Митко Трајчулески, учествуваа на Дваесет и првиот состанок на Регионалната конференцијата на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа (КОСАП). Конференцијата се одржа денеска во Собранието на Република Албанија во Тирана. Македонската делегација во Македонската ...

Read More »

Комитетот за национални малцинства на Албанија објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо

Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, во кој членуваат по еден претставник на признатите малцинства,  објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо. Преспа е регион кој низ вековите бил раскрсница на различни култури и традиции, но македонската народна носија од овој крај остана единствен белег на македонскиот народ, стои ...

Read More »

Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние ...

Read More »

Тирана да не подлегнува на бугарските притисоци за преименување на Македонците

Добро упатените во оваа проблематика велат дека употребата на деноминирачкиот термин „северномакедонци“ од страна на албанските институции за првпат се случи за време на последниот попис на населението, па оттука изјавата на албанската амбасадорка во Софија, Инид Мило, според експертите, „не е преседан, туку континуитет во албанската политика“. Оваа „доследност во употребата на терминот северномакедонци од страна на Тирана“, според ...

Read More »

Со истрајност до остварување на македонските малцински права во Албанија

Фото: Маја Јаневска-Илиева Во услови кога припадниците на македонскиот народ во Република Албанија се соочуваат со постојани обиди за асимилација и денационализација со политики димензионирани од страна на официјална Софија, како и постојани притисоци и закани од страна на одделни групации и поединци, информацијата дека натпис на македонски јазик е поставен пред уште една албанска институција е за поздравување. Според ...

Read More »

Македонската амбасада организираше новогодишна средба со Македонци од Тирана (ФОТО)

Вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, во македонската амбасада во Тирана,  организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана. Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници,  организиравме мал но значаен прием, објави амбасадата. ...

Read More »

Новогодишни пакетчиња за најмалите во Пустец, со поддршка на градоначалникот на Охрид

Најмладите од детските градинки во Горица и Пустец, како и од неколку одделенија од одделенска настава, денеска беа израдувани со новогодишни пакетчиња, обезбедени од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Донесовме новогодишна магија и насмевки на лицата на дечињата од градинките и на неколку одделенија во основните училиште во ...

Read More »