Училиштето во селото Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба во Административна единица Зерќан во општина Булќиза нема соодветна образовна зграда. Учениците од ова село учат во куќа оставена на користење од жител на селото. Иако бројот на ученици е мал, тие немаат реална средина за развој на процесот на учење. Куќата каде што предаваат се наоѓа на работ на селото ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција на бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Република Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција за донацијата во село Глобочани, Општина Пустец на 14.09.2024 год. каде „свечено“ се отвораше модуларна амбуланта, донација на фондацијата „Бугарска меморија“. Ваквата наша реакција се темели на антимакедонската пропаганда за оваа наводна фондација која непречено ја шири својата пропаганда во регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. За жал, на овој антимакедонски ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: Вистината боли, ама таква е!
На 19 август 2024 година излезе еден текст, кој го предизвика мојот професионален интерес и, за кој решив да напишам еден осврт. Станува збор за текстот на Марјана Дода, под наслов “Jehona e irredentizmit dhe minoriteti bullgar në Ballkan” („Одгласот на иредентизмот и бугарското малцинство на Балканот“) во албанскиот портал Аргументум (https://www.argumentum.al/jehona-e-irredentizmit-dhe-minoriteti-bullgar-ne-ballkan/). Темата која авторката решила да ја претстави на ...
Read More »Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Вила Билјана во Охрид, прими претставници на македонски здруженија во Албанија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, прими претставници на македонски здруженија во Република Албанија. На средбата на којашто присуствуваа Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за ...
Read More »Зошто бројот на Македонците во Албанија е преполовен?
Фото: Маја Јаневска-Илиева Интервју со Салим Кадри Керими Салим Кадри Керими По објавувањето на прелиминарните резултати на најновиот попис на населението во Република Албанија, кој беше спроведен есента во 2023 година и според кој бројот на Македонците во оваа соседна земја, во споредба со нивниот број според пописот од 2011 година, е преполовен, деновиве разговаравме со Салим Кадри Керими, историчар, ...
Read More »Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис (ВИДЕО)
Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија – преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција. Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана и друштвото Преспа потпишаа проглас за обединување на Македонците во Албанија
Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ова е прв но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе кога се знае дека македонско друштвото ” Илинден” дава голем придонес во заштитата ...
Read More »Шоу на Богдан Илиевски: Васил Стерјовски, Ефтим Митревски и Едмонд Темелко (ВИДЕО)
Стерјовски: Суштината на тужбата е да нè замолчат како партија, да ги замолчат и сите македонски друштва и Македонци во Албанија
„Суштината на тужбата е да нè замолчат како партија, да ги замолчат и сите македонски друштва и Македонци во Албанија со цел големобугарската асимилаторска политика да ги остварува своите цели за бугаризација во албанската држава. Фактите и правдината се на нашата страна, но сепак, потребна ни е правна и експертска помош по однос на тужбата од бугарската фондација, имајќи предвид ...
Read More »Никола Ѓурѓај за Канал 5 ТВ: Македонците од Албанија со декларација бараат одржување на нов Попис (ВИДЕО)
Во декларацијата од 8 точки објвена од МД “Илинден”-Тирана, обвинуваат за пописен фалсификат и велат дека ги отфрлаат резултатите кои според нив, не се прифатливи за нив, но и за останатите малцинства. Посочуваат и дека и покрај постојаните предупредувања, институциите и власта во Албанија не сториле ништо за како што велат, пописниот фалсификат, но и за грубото мешање на Бугарија ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden