Tag Archives: Македонци во Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција против отворање на прифатни центри за мигранти на територијата на општина Пустец (ВИДЕО)

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја изразуваат длабоката загриженост и силното противење во врска со одлуката на албанската Влада за отворање три прифатни центри за мигранти на територијата на оваа општина, поточно во административната единица Зрноско и на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица. Оваа одлука произлегува од нормативниот ...

Read More »

Албанија го присвојува Преспанскиот договор за да ги ограничи правата на македонското малцинство?!

Нотирано грубо кршење во употребата на македонските национални обележја во Албанија Симболите не се само знаци на хартија или платно – тие се дел од колективната меморија и идентитет. Забраната на нивната употреба, доколку не поттикнува омраза, претставува директно нарушување на основните човекови права. Македонците во Албанија имаат легитимно право да ги користат своите традиционални симболи, а секој обид за ...

Read More »

Потребна е реална заштита на македонското малцинство во Албанија, порача Стерјовски на форумот на малцинствата во ОН

Градењето доверба и социјална кохезија е од суштинско значење за мирен соживот, особено во општествата каде што малцинските групи долго време се маргинализирани. Албанија е земја со богата културна разновидност, а македонското малцинство е составен дел од оваа разновидност со векови, рече Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во обраќањето на вториот ден од Форумот за ...

Read More »

Македонците во Преспа го одбележаа празникот Голема Богородица по традиција во село Церје

Во селото Церје, Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и ...

Read More »

Владата на Македонија донесе одлука за отворање Гелерален конзулат во Корча, конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Преспа, Голо Брдо, Гора и Поградец

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната седница донесе одлука за отворање Гелерален конзулат во Корча, Албанија. Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора. „Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски“, се наведува во владиното соопштение. За одлуката ...

Read More »

Македонците во Албанија кои поседуваат македонско државјанство, може да поднесат барање за обновување на патните исправи во Амбасадата во Тирана

Македонската амбасада во Тирана упатува повик до сите припадници на македонското национално малцинство во Република Албанија кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши, можат до 20.07.2025 година да поднесат барање за нивно обновување во Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Заинтересираните лица кои сакаат да ги обноват своите македонски пасоши потребно е да се пријават преку: Телефон: +355 422 ...

Read More »

Муцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча

Македонија сака да се отвори македонски конзулат во градот Корча, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Пустец. „Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада треба да направиме повеќе ...

Read More »

Сиљановска-Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

Прашање: Претседателке, можност во нашата амбасада овде, во Тирана, средба со претставници на нашинците, кои се нивните да речам, условно кажано, некои забелешки имаат. Што ви пренесоа, каква е ситуацијата овде во Албанија на македонското малцинство? Претседателката Сиљановска-Давкова: Самата албанска држава или самата албанска власт, како што ни е познато, врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата, им ...

Read More »