Жителите на селата Керстец-Пакиша-Запод во областа Гора со децении многу страдаат од немањето патна инфраструктура, поради што се казнувани економски и во секој аспект од нивниот развој. Кога првпат ги посетивме и ја видовме непристојната состојба на патиштата во овие области, ветивме дека како министер ќе дадеме се од себе за да ја средиме патната инфраструктура. Тоа е она што ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Ѓурѓај: Резолуцијата усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности, ФУЕН а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за МИА го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од име ...
Read More »Училиштето во село Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба (ВИДЕО)
Училиштето во селото Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба во Административна единица Зерќан во општина Булќиза нема соодветна образовна зграда. Учениците од ова село учат во куќа оставена на користење од жител на селото. Иако бројот на ученици е мал, тие немаат реална средина за развој на процесот на учење. Куќата каде што предаваат се наоѓа на работ на селото ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција на бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Република Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција за донацијата во село Глобочани, Општина Пустец на 14.09.2024 год. каде „свечено“ се отвораше модуларна амбуланта, донација на фондацијата „Бугарска меморија“. Ваквата наша реакција се темели на антимакедонската пропаганда за оваа наводна фондација која непречено ја шири својата пропаганда во регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. За жал, на овој антимакедонски ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: Вистината боли, ама таква е!
На 19 август 2024 година излезе еден текст, кој го предизвика мојот професионален интерес и, за кој решив да напишам еден осврт. Станува збор за текстот на Марјана Дода, под наслов “Jehona e irredentizmit dhe minoriteti bullgar në Ballkan” („Одгласот на иредентизмот и бугарското малцинство на Балканот“) во албанскиот портал Аргументум (https://www.argumentum.al/jehona-e-irredentizmit-dhe-minoriteti-bullgar-ne-ballkan/). Темата која авторката решила да ја претстави на ...
Read More »Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Вила Билјана во Охрид, прими претставници на македонски здруженија во Албанија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, прими претставници на македонски здруженија во Република Албанија. На средбата на којашто присуствуваа Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за ...
Read More »Зошто бројот на Македонците во Албанија е преполовен?
Фото: Маја Јаневска-Илиева Интервју со Салим Кадри Керими Салим Кадри Керими По објавувањето на прелиминарните резултати на најновиот попис на населението во Република Албанија, кој беше спроведен есента во 2023 година и според кој бројот на Македонците во оваа соседна земја, во споредба со нивниот број според пописот од 2011 година, е преполовен, деновиве разговаравме со Салим Кадри Керими, историчар, ...
Read More »Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис (ВИДЕО)
Македонците заедно со претставиците на уште седум малцинства во Албанија се обединија – преку заедничка декларација упатија порака дека не ги признаваат резултатите од пописот и бараат повторување на статистичката операција. Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана и друштвото Преспа потпишаа проглас за обединување на Македонците во Албанија
Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ова е прв но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе кога се знае дека македонско друштвото ” Илинден” дава голем придонес во заштитата ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden