Tag Archives: Македонци во Албанија

Кимет Фетаху, Македонец од Голо Брдо поборец за правата на Македонците во Албанија

  Кимет Фетаху роден на 1955 година во село Требиште, областа Голо Брдо е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик од Албанија. Своето образование го стекнува во Албанија, но поради својата стручност е испратен на специјализирање во Кина, од областа на геологијата и металургијата. Денес работи како професор и шеф на катедрата на Рударско-геолошкиот факултет во Тирана, a се занимава и со широка општествена дејност. ...

Read More »

Васил Јанкула “Преспанскиот херој“ лета со параглајдер, вози мотор на 4 тркала секој ден докажува дека „Сите сме исти“(ВИДЕО)

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа, лице со церебрална парализа, кој го доби името „Преспанскиот херој“, откако со својот трицикл за 7 дена ја обиколи цела Западна Македонија продолжува да го остварува својот сон и да докажува дека „Сите сме исти“. За само кратко време после својот голем подвиг, тој ја отвори велосипедската манифестација „Алшар“ во Кавадарци, леташе до параглајдер ...

Read More »

Стерјовски осври средба со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај

На средбата со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај разговаравме за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија. На средбата со министерот Лешaј ја истакнав потребата да Македонците се застапени во поголем број во албанската полиција, да бидат вклучени во раководни позиции и во областите населени со Македонци раководители на полицијата да бидат Македонци. Министерот Лешај се изјасни дека ...

Read More »

Васил Стерјовски оствари официјална средба со делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија во албанскиот парламент 

Делегација на Интегра – Македонска конзервативна партија оствари официјална средба во албанскиот парламент со пратеникот од Македонска алијанска за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски.  Ова е прва официјална посета на пратеникот Стерјовски од политичка партија од Република Македонија. На средбата беа изразени честитки за изборот на Стерјовски за пратеник и се разговараше за можностите за соработка помеѓу двете партии во ...

Read More »

Борис Мале, Македонец од  Мала Преспа во 1934 година го отворил првото училиште на македонски јазик во Пустец

Борис Мале за Македонците што живеат во Албанија, поточно во Мала Преспа, ќе остане запаметен како учител што уште во 1934 година го отворил првото училиште на македонски јазик во Пустец. Во чест на својот славен предок, роден брат на неговиот дедо по мајка, Штерјо Мале, неговиот внук Васил Шумка, го напиша романот „Македонскиот наставник, средба со сонцето“, со што, ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби 2019“

  Македонско друштво “Илинден“-Тирана e дел од Меѓународната манифестација “Струшки книжевни средби“ со поетесета Сара Џелили. Струшки книжевни средби се одржават од 4-ти до 6-ти јули во Струга, Охрид и Вевчани, Република Македонија во организација на Здружението за литература култура и наука “Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност “Бранувања“ што излегува во Струга. Сара Џелили прочита матриал подготвен од Никола ...

Read More »

Oбјавена книгата “Од Голо Брдо до Дебар Маало” од Милка Попова Чубриновска

Во издание на МАЗ-САЖ во Скопје е објавена книгата “Од Голо Брдо до Дебар Маало” од Милка Попова Чубриновска. Како што стои и во поднасловот – “Корените и животот на Поповци” – тоа е наративна историја на семејството на авторката. По потекло од Голо Брдо, областа Голо Брдо, Дебарско, регион населено со етнички Македонци што по 1912 година припаднал на Албанија, Поповци за време на балканските ...

Read More »