Tag Archives: Македонци во Албанија

Крсто Алексов Лековски (1877-1918) македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација од Ербеле Албанија 

Крсто Алексов Лековски e роден во 1877 година во Eрбеле, областа Полени, Маќелара македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, основно училиште заврши во родниот крај. Од 1906 година станал самостоен околиски реонски војвода на организацијата во Дебарско и Кичевско со чета и делуваше во Дебарскиот крај. На 14 октомври 1909 година се венчал во Кичево со Неда Арсова. Умрел по 1918 година.                  ...

Read More »

Македонците во Албанија ги зачувале сите македонски етнографски карактеристики

Македонското население кое живее во Мала Преспа и Голо Брдо успеале низ годините да ги зачуваат етнографските карактеристики. Ова го покажа теренското истражување и кабинетската работа на д-р Мери Стојанова, етнолог во битолскиот Музеј која сите истражувања ги собра во монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско-албанското пограничје“. Што доволно зборува за нивната од една страна затвореност во ...

Read More »

Промовирана монографијата “Етнографија и антропологија на Македонците “Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“

Во матичната куќа на авторот, д-р Мери Сројанова, Завод и Музеј, беше промовирана монографијата “Етнографија и антропологија на Македонците “Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, или со други зборови како беше кажано на промоцијата, една поинаква слика за нашинците во Албанија. Оваа прва книга на Стојанова е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која ...

Read More »

Летниот камп „Ја сакам Македонија“ го зголемува заедништво меѓу Македонците од соседните земји на Македонија 

Летниот камп „Ја сакам Македонија 2018“ за децата Македончиња кои живеат надвор од матичната земја што го организира Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Охрид го зголемува заедништво меѓу Македонците каде и да живеат. На овој традиционлен летен камп, учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија , Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија ...

Read More »

Во август рекордна фрекфенција на граничниот премин Требиште – Џепиште

  Во текот на месец август забележана е рекордна фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин Џепиште -Требиште кај областа Голо Брдо, Дебар. Тоа како резултат на подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, претходно во просек минуваат по педесеттина лица. Споредено со „Блато“ тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој волетниот период работи секој ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана до верниците со Исламска Вероисповед

  Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Почна летниот камп „Ја сакам Македонија – 2018” учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Балканот

  На 19 август 2018 година во Охрид, Република Македонија државниот секретар на Министерство за надворешни работи на Македонија Виктор Димовски го отвори Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија-2018”, што во организација на Министерството за надворешни работи традиционално се одржува секоја година. Целта на оваа манифестација е одржување на врските со децата кои имаат македонско потекло, ...

Read More »

Ќе се промовира монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“

На ден 24 август (петок) 2018 година во Битола, во Малата сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, ќе биде промовирана монографијата „Етнографија и антропологија на Македонците „Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, на авторот д-р Мери Стојанова. Книгата е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на ...

Read More »

Ќе се реставрира црквата „Свети Спас“ во село Крчиште

Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата „Свети Спас“ во пограничното село Крчиште, кое некогаш било населено икслучиво со Македонци. Усвоениот проект од страна на Регионалната управа за национална култура во Скадар предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата. Овој божји храм е изграден 1270 година и како споменик на културата под заштита на државата е од ...

Read More »

Македонците во Албанија во село Ербеле, областа Поле, Маќелара го одбележаа Св. Преображение

Македонците од цела Албанија се собираат во село Ербеле областа Поле, Маќелара на 18-19.08.2017 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. Ноќта пред празникот секој добронамерник и госин е срдечно пречекан кај домаќините.  На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно ...

Read More »