Tag Archives: Македонци во Србија

Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија”

Манифестација Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија” која што по деветти пат оваа година ќе се одржи во Белград, по повод чествувањето на празникот Св. Кирил и Методиј. Манифестацијата ќе биде отворена во понеделник 20 мај во Театрот 78 (Ресавска 78) со концерт насловен ,,Заедниците заедно” на кои што, покрај чуварите и промотерите на македонската култура и ...

Read More »

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија се сретна со преставници на Македонско национално малциство во Србија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски на 18 и на 19 март 2019 година престојуваше во работна посета на Република Србија. Државниот секретар Димовски за време на посетата се сретна и со претставници на Македонското национално малциство во Република Србија, на средбата беше претседателот на Националниот совет на Македонско национално малциство во Република Србија, ...

Read More »

Учениците Македонци во Србија покажаа колку умеат да читаат и да творат на македонски јазик

Младиот поет Филип Димкоски во рамките на својата есенска балканска турнеја ги промовира своите нови книги и одржува средби со читателите. Претходно одржа промоции на својата книга за деца „Заедно да растеме“ во Битола и во Штип, а по повод Светскиот ден на храната учествуваше на фестивалот на сочни фигури во СОУ „Наум Охридски“ во Скопје. По покана од истакнатиот ...

Read More »

Традиционална 9-та македонска вечер во Горњи Милановац

На 10.11.2018 година, во Горњи Милановац, во организација на Здружение на Македонци во Моравички Округ  “Даме Груев” се одржа 9-та традиционална македонска вечер. За послужување, наша трпеза со македонски специјалитети, подготвено од гостинките Благица и Трајанка од Росоман, и нашите домаќинки од Горни Милановац. За добро расположение се погрижи „АкустикоБенд“ од Кавадарци и нашиот традиционален помагател, Ристо Јошев од Росоман. Присутни на Македонската ...

Read More »

Избран Националниот совет на Македонците во Србија

Македонското национално малцинство, заедно со останатите малцинства во Србија, вчера ги избраа членовите на новиот Национален совет. 77 од вкупно 79 верификувани електори денес ги бираа новите 23 члена на Македонскиот национален совет, на електорското собрание, кое што се одржа во Собранието на Република Србија во Белград. Листата на актуелниот претседател на Советот Борче Величковски оствари апсолутна победа, а воедно тоа ...

Read More »

Македонците во Србија денеска одржуваат избори за Националниот совет на Македонците

Припадници на 22 малцински заедници во Србија денеска бираат свои претставници за националните совети на национални малцинства. Право на глас имаат 507.183 избирачи кои ширум Србија гласаат на 926 бирачки места. Осумнаесет национални малцинства членови на Советот ги бира на непосредни избори, а четири – хрватската, црногорската, македонската и руската по пат на електронски собранија. Тие четири електорски собранија ќе ...

Read More »

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најостро го осудува графитот ,,Смрт Македонцима” во Македонска улица во Белград

Известени сме дека во Македонска улица во Белград на столбот пред парфимеријата ,,ДМ” наспроти седиштето на весникот ,,Политика” и Радио Белград осамна графит ,,Смрт Македонцима”  во превод ,,Смрт на Македонците”. Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најостро го осудува секој вид на искажување на верската, расна или национална нетрпеливост и омраза. Припадниците на македонската национална заедница, како равноправни ...

Read More »

Македонски јазик во српските училишта

  Проектот за воведување на македонскиот јазик во српските основни училишта би требало наскоро да биде реализиран во соработка со Министерството за образование, најави претседателот на Национален совет на македонската заедница во Србија, Борче Величковски. Тој ја пофали добрата соработка на македонската национална заедница со локалната самоуправа во Врање, каде што беше приреден прием за новиот амбасадор на Македонија во ...

Read More »

Зафир Хаџиманов промовираше книга за неговата младост

Музичарот, актер, поет и почесен амбасадор на културата во Србија, Зафир Хаџиманов, ја промовираше книгата Песмопојац / Песнопоец во Здружението на писатели на Србија, во Белград. Книгата е издадена на македонски и српски јазик, и претставува збирка на кратки автобиографски раскази, во кои Хаџиманов раскажува за детството, за неговото созревање во Скопје и за раната младост. Тој е автор на ...

Read More »

Честитка за Велигден од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија

Националниот совет на македонската национална заедница во Србија на сите граѓани од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Велигден! Велигден е празник кога го прославуваме Христовото воскресение, победата на животот над смртта. Нека ве поттикне на милосрдие,заедништво и почит, нека пробуди во вас оптимизам, хуманост и позитивни мисли. Ви посакуваме да ги поминете празничните денови во добро здравје, мир ...

Read More »