Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс. Во образложението се наведува дека одлуката се носи поради неговиот придонесо како достоинствен истражувач на многу архиви за извлекување на историската и националната вистина, со извонреден придонес во развојот на уметноста и културата во целиот округ Кукс. На свечената церемонија организирана од страна на Округот ...
Read More »Tag Archives: Областа Гора
Претставници на општина Драгаш, областа Гора во посета на општина Маврово и Ростуше
Во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваа претставници од Рестилица и Злипоток, општина Драгаш, областа Гора. Со нашите гости Мурат Мушка, Аднан Мутас и Нухија Таировци, директор за заштита, спасување и јавни услуги во општина Драгаш, разговаравме за продлабочување на нашата и така добра соработка. Посебен акцент ставивме на заедничката ангажираност за подобро поврзување на нашите општини и региони, ...
Read More »Граничниот премин Стрезимир – Рестелица во областа Гора кон Македонија, од 20 јуни до 15 септември ќе биди отворен
Во согласност со одлуките на Владите на Македонија и Косово повторно е отворен, привремено во летниот периот, граничниот премин Стрезимир- Рестелица на Македонско – косовската граница . Оваа за Радио Слободна Европа го изјави владиниот повереник на општина Маврово – Ростуше Медат Куртовски кој додаде дека преминиот ке биде отворен до 15 септември. ,, Отварањето на овој премин за два ...
Read More »Фототеката “Докле“ од областа Гора во националниот музеј на фотографија “Маруби“
Во Министерството за култура денеска се одржа свеченото донирање на фототеката “Докле“ од областа Гора на националниот музеј на фотографија “Маруби“. Станува збор за повеќе од 20.000 филмови снимени во текот на 50 години, на Сафет и Ѓилзаде Докле, кои го опфаќаат целиот општествен, културен, уметнички и економски живот, духовна и материјална култура на Кукс и областа Гора. Извонредно и ...
Read More »Општина Драгаш интензивно го расчистува снегот екипите на терен
Општинската служба за одржување на патиштата во координација со потпретседателот на општина Драгаш Ресул Фетаху и директорот на јавната администрација Ветим Рамадани во касните вечерни часови, почна со отстарнување на снегот во Општина Драгаш, областа Гора. Како што изјави за порталот Горапрес потпреседателот на општината Ресул Фетаху, покрај работниците од Општината Драгаш кои се сезонски ангажирани за одржување на локалните ...
Read More »Сеќавање: седум години од смртта на Назиф Докле 1945-2014
Назиф Докле е роден на 15 јануари 1945 година во село Борје, областа Гора, Албанија. Назиф Докле е Македонец, интелектуалец од областа Гора, борец за правата на Македонците во Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература. Назиф Докле долги години работел како учител, главен инспектор за образование ...
Read More »Општина Драгаш: Врнежиите од снег предизвикаа дефекти во електричната мрежа
Снегот што падна за време на викендот на подрачјето на општина Драгаш областа гора создаде нови невољи за работниците на патиштата, но и за жителите на оваа општина. Прво силен дожд, а потоа и снег, кој се залепи за електричната мрежа, предизвика големи дефекти во општина Драгаш. Вчера во текот на денот готово целото подрачје на општина Драгаш беше без ...
Read More »Партијата “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локалните избори во Косово
На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 17 октомври, 2021 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 26 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden