Tag Archives: Светскиот Македонски Конгрес

Светскиот Македонски конгрес: Македонците муслимани се нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ

Светскиот Македонски конгрес (СМК) изразува огорченост од најавата на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда “Европа дома“, за промена на Уставот заради впишување во преамбулата на “торбеши“, “горани“, “шкрети“ и “бугари“ – сите етнички Македонци! СМК отфрла сегментирање на Македонскиот народ пред пописот, со цел намалување на бројот на етничките Македонци во вкупното население на ...

Read More »

Почина Ниче Димовски генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес

Денес на 56 години се упокои Ниче Димовски, долгогодишен активист за човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во татковината и светот, домаќин, сопруг, родител, успешен бизнисмен и сопственик на компанијата “Македон бетон“, хуманист, филантроп, родољуб и патриот, генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес, автор на седум дела. Ниче Димовски е роден на 9 октомври 1964 година во Скопје, ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес: Солун отсекогаш бил во Македонија и браќата Св. Кирил и Метотиј биле Македонци

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја оценува за анти-историска одлуката на Парламентот на Бугарија за преименување на празникот 24 Мај од “Ден на бугарското образование и култура и словенско писмо“ во “Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, со образложение дека Светите Солунски браќа Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење бидејќи Ангела Меркел останува верна на фашистичките вредности на Софија кон Македонскиот народ и Македонија 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење бидејќи Ангела Меркел останува верна на фашистичките вредности на Софија кон Македонскиот народ како суверена нација и Македонија како суверена држава! СМК со огорченост ја отфрла изјавата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, дека “процесот на проширување на Европската унија ќе оди многу тешко ако Македонија и Бугарија не го решат билатералниот ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Каракачанов

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември годинава “Си го сменивте името изнамето, ќе ја смените и историјата“, како дрска најава за блокада на преговорите на Првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија, доколку Македонија не го исполни Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година за ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, во таа смисла заканите за приведување на Атанас Кирјаков од Благоевград, активист на забранетата Омо Илинден, на 17 август 2020 година во 10 часот да се јави во 6-та Реонска Управа на МВР во Софија, во спротивност ќе плати казна од 100 ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува одлуката на Апелациониот суд во Благоевград за забрана на Здружението на Македонците

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува одлуката на Апелациониот суд во Благоевград за забрана на Здружението на Македонците регистрирано под името “Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права“, а по барање на Окружното јавно обвинителство во Благоевград заради “кршење на Уставот на Република Бугарија“. СМК смета дека одлуката на Окружниот суд во Благоевград е во спротивност со меѓународното ...

Read More »

Честитка од Светскиот Македонски Конгрес за најголемиот Македонски празник Илинден

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) по повод трите илиндена – Херонеја (338 г.п.н.е.) Крушево (1903 година) и Свети Отец Прохор Пчињски (1944 година) – упатува семакедонска илинденска честитка за Денот на државноста на Македонија до Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во светот и татковината! СМК повикува на семакедонско помирување и обединување, заради одбрана на името на ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење за пренамената на Света Софија во Истанбул од музеј во џамија

Почитувајќи го и натаму суверенитетот и интегритетот на Република Турција и македонско-турското стратешко партнерство и братство, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење поради указот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за пренамена на Света Софија во Истанбул од музеј во џамија, откако Високиот административен суд на Република Турција ја поништи одлуката на Советот на министрите од 24 ноември 1934 година ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува агресивната политика на Софија за асимилација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува агресивната политика на Софија за асимилација на Македонците во Албанија при престојниот попис на населението во октомври годинава, во намерата да се попишат како Бугари! СМК, истовремено, ја осудува и Бугарската академија на науките чиј Институт за население и психологија преку доцент д-р Спас Тошев бара бугарската дипломатија да одигра важна улога при ...

Read More »