Во организација на македонско друштво “Илинден“ во Тирана ќе се одржи втор фолклорен фестивал на македонците во Албанија

Во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, вторпат во Тирана ќе биде одржан “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“.

Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, така и од други делови на Албанија, изјави за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото “Илинден“.

Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорната група од областa Голо Брдо фолклорна група област Гора, како фолклорна група од Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области. Присутните ќе имаат пријатна можност да ги проследат и настапите на театарот “Скрб и утеха” од Скопје, кои се гости на вечерта. Фестивалот ќе се одржи на 17 април со почеток во 16:00 часот, во Афитеатрот на Тирана, влезот е слободен.

Advertisement