Култура

Успешен настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана

Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, настапи млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана. Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк. Како што информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот ...

Read More »

Филмот за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ со три номинации на фестивалот „Byzanfest“

Јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ е со три номинации во три категории на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“. Со особена радост ја примивме веста дека во рамките на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“, јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ беше номиниран во три категории: најдобар документарен филм, најдобар кинематографер ...

Read More »

Македонија официјално пристапува во Културните рути на Советот на Европа

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, попладнево на Крит учествува на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, во чии рамки се одржува свечена церемонија во чест на новите членки – Македонија, Либан и Албанија. Годинашниот Форум ќе биде посветен на темата „Културни рути на Советот на Европа: Заштита на европските вредности, наследство и дијалог“. Македонија официјално е дел од ...

Read More »

Црковните старопечатени книги од с. Лазарополе подарени во Бигорската книгохранителница

По желба и иницијатива на Црковниот одбор при црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Лазарополе, кој покажа голема совесност, словесност и грижа кон писменото христијанско и културно наследство, а во договор и со благослов на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска на Бигорската книгохранителница ѝ беше врачена една мошне значајна книжна збирка од стотина старопечатени книги. ...

Read More »

Промовирана поетската рожба на Димче Шипинкаровски, збирката “Татковиот аманет”

Во свежа вевчанска вечер и во импресивниот амбиент на тремот на светиот храм Свети Никола во живописното Вевчани, со благослов на отец Зоран и во присуство на бројни поети, писатели, роднини и пријатели, синоќа, беше промовирана поетскта рожба на Димче Шипинкаровски, збирката “Татковиот аманет”, во издание на Здружението за литература, култура и наука “Бран” од Струга. Чинот на промоцијата се ...

Read More »

Нова поетска книга на Димче Шипинкаровски „Татков аманет”

Во издание на Здружените за литература, култура и наука „Бран” од Струга, излезе од печат најновата книга на поетскиот ерудит Димче Шипинкароски, „Татков аманет”. Димче Шипинкаровски е добитник на награда, за 2022 година, на престижната поетска манифестација „Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски. Уредник на изданието е Борче Панов, додека профсор д-р Христо ...

Read More »

Државниот Архив во соработка со „Британската библиотека“ почна дигитализација на заоставштината на Браќата Манаки

Државниот архив, во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив ...

Read More »

Објавена дигитална верзија на двотомната монографија „Кукушкиот говор“ од проф. Коста Пеев

  Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, на веб-порталот за дигитални ресурси на македонскиот јазик во дигитална форма ги постави двата тома на монографијата „Кукушкиот говор“ од проф. д-р Коста Пеев. Од МАНУ соопштија дека печатеното издание на „Кукушкиот говор” е објавено од „Студентски збор” во 1987 година (Том I) и во 1988 година (Том II). Авторот, проф. д-р ...

Read More »

Одбранети над 80 дипломски трудови од областа на македонскиот јазик на факултетот во Љубљана

Во последните две децении на Филозофскиот факултет во Љубљана се одбранети над 80 дипломски и магистерски трудови од областа на македонскиот јазик и книжевност, а три од нив се наградени со Прешерновата награда за најдобри дипломски и магистерски трудови на Факултетот. Овие информации и податоци доаѓаат од Универзитетот во Љубљана, по повод 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето ...

Read More »

Влатко Стефановски за првпат во Тирана

Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, за се она пред настанот и ...

Read More »