Македонија

5 Мај – Денот на македонскиот јазик

На денешен ден 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и ...

Read More »

Промовиран зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

Промовиран зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во МАНУ.Содржи новооткриени факти и нов пристап на досега неразработени теми за животот и делото на македонскиот великан. Тврдењата дека Делчев припаѓа на бугарската историја се косат со вистината. Не може политичка комисија со некомпетентни членови да носи одлуки за историјата, порача главната промоторка на зборникот Катерина Тодороска. Свое обраќање на промоцијата ...

Read More »

120 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...

Read More »

Проф. Катерина Тодороска: Гоце Делчев не може да се слави заеднички со Бугарија

Ние не можеме да бидеме заложници на некој што сака. Очигледно, Бугарија моментно се обидува да не уценува. Дали ние ќе бидеме жртва на уцена, тоа е наша работа. Меѓутоа, еве јас како историчар најодговорно тврдам дека нема апсолутно никаква потреба и никаква наша обврска ние да прифатиме нечија уцена. Знаете, има држави во кои уценувањето се казнува многу построго ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Џесика Росвал министерка за европски прашања на Кралството Шведска

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина. Претседателот Пендаровски изрази ...

Read More »

Мицкоски на средба со ко-основачот Мајк Зафировски и бордот на директори на Македонија 2025

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на Извршниот комитет Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски и бордот на директори. „На средбата Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа државата, дека ...

Read More »

Обновените стари бигорски камбани поставени во Рајчица

Во овој празничен период на пасхално ликување, во Бигорскиот метох, Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, се случи уште една убава и достофална работа. Имено, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со сите свои сили ревнува за наш сеопшт духовен и културен препород, во Рајчица повторно одекнаа радосните звуци на старите камбани што низ времињата ѝ ...

Read More »

АФП: Праисториското Преспанско Езеро во Европа се намалува со алармантна брзина

Истражувањето на кое се повикува НАСА покажа дека езерото изгубило седум отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година. Илјадници години Преспанското Езеро беше недопрено. Под притисок на климатските промени, неконтролираното пумпање и загадувањето, ова праисториско езеро во југоисточна Европа се намалува со алармантна брзина. Се верува дека езерото на тројната граница на Албанија, ...

Read More »

Претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Република Косово на Република Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателката Вјоса Османи-Садриу положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека косовската претседателка, а по одржаната тет-а-тет средба и ...

Read More »